Почитувани,
Обновувањето на хоризонталната сигнализација пред почетокот на овогодишната учебна година не е реализирано заради одолговлекување и некомуницирање од страна на избраниот изведувач „Валаски градба“ ДООЕЛ с. Злеово, Радовиш.
Имено, Општина Кочани согласно законските регулативи и оперативните планови од Програма за улици и патишта благовремено објави тендерска набавка. По тендерската објава се јавија три економски оператори од кои се избра „Валаски градба“ ДООЕЛ с. Злеово, Радовиш. Заради одолговлекување и некомуницирање од страна на избраниот изведувач, од една страна и неопходноста од бележење на хоризонтална сигнализација за непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, од друга страна, Општина Кочани пристапи со активирање на банкарска гаранција и раскинување на договор. По раскинување на договорот течат следните чекори за повторна објава на истиот тип тендерска постапка. Бележењето на хоринзонталната сигнализација на бул. „Тодосија Паунов“ започна од страна на АД „Гранит“ – Скопје, како изведувач на рехабилитацијата на булеверот. Досегашното бележење е реализирано согласно постојниот сообраќаен проект и со надзор на стручните служби од Општина Кочани, АД „Гранит“ и Светска банка. Упатените негативни забелешки за погрешна хоризонтална сигнализација кај пешачките премини се крајно недоследни, нестручни и тенденциозни кон изведувачот и соодветните стручни служби.
Посочената хоризонталната сигнализација кај пешачките премини е согласно Основниот сообраќаен проект за режим на сообраќај на бул. „Тодосија Паунов“ и Правилникот за сообраќајни знаци, опрема и сигнализација на патот. Поточно, исцртаната стоп линија пред пешачките премини се однесува за задолжително застанување на возачите пред пешачкиот премин, а пешаците имаат предност на минување. А триаголниците помеѓу пешачкиот премин и кружниот тек се однесуваат за зголемена внимателност на возачите пред кружниот тек, предност на минување имаат возилата во кружниот тек. Започнатото обележување е прекинато поради несоодветните временски услови и тоа ќе продолжи при подобрување на временските услови. Посочената обележана бела линија од Стришанска Чешма по должината на ул. „Страшо Ербапче“ е од вчерашното бележење од страна на „Македонијапат“ заради тоа што посочените улици се дел од регионалниот пат Зрновци – Пониква. Стручните служби од Општина Кочани веднаш ги воочија овие недоследности и согласно надлежностите од рангот на патишта реагираа кај Државниот инспектор за патишта.
Во интерес на проследување благовремени и вистински информации до граѓаните на општина Кочани и пошироката јавност, сите служби во општинската администрација на Општина Кочани стојат на располагање.
Сообраќајна инспекција – Општина Кочани