ИЗВЕСТУВАЊЕ ОД СИНОХИДРО

јуни 21, 2023
0 min read

Синохидро корпорешн лимитед, ја известува јавноста дека поради изведување градежни активности за подготовка на коловозот за асфалтирање и асфалтирање на потегот од Соколарци до Спанчево и обратно, патот времено е затворен за сите видови возила. Доколку работите се одвиваат според планираното, се очекува тој да биде отворен за употреба околу 17 часот.

Се повикуваат учесниците во сообраќајот да се придржуваат кон соодветната сигнализација и да се избегнува овој дел за сообраќај додека траат градежните активности.

Исто така се замолуваат граѓаните да бидат трпеливи во периодот на изведување на работите.

Општина  Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ