Ги информираме корисниците дека е настанат дефект на главен цевковод за водоснабдување од висока зона на територија на Општина Кочани.
По пријавувањето на дефектот, екипите на КЈП “Водовод” Кочани излегоа на терен и успешно го лоцираа оштетувањето на цевководот и во тек е санација на истиот.
Поради дефектот водоснабдувањето е прекинато на следните улици: “Пиринска”, “Бел камен”, “Охридска”, “Први мај”, “Марко Цепенков”, а исто така без вода за пиење во моментот се и населбите Бејрут и Калиманова глава.
Се надеваме дека дефектот на цевководот за водоснабдување од висока зона ќе биде саниран брзо, а корисниците ќе ја добијат услугата во текот на денот.
КЈП „Водовод“ – Кочани
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ