Прекрасниот есенски ден и летната пауза, беа само дел од причините денешниот неделен ден за извидниците од Кочани да биде повеќе од успешен.
Повеќе од 60 деца и 4 старешини беа учесници во еднодневната турнеа низ југоисточниот дел на Македонија што го организираше ИО „Ластовица“ од Кочани.
Желни за авантура, едукација и запознавање на татковината, извидниците најпрвин го посетија Смоларскиот Водопад, кој со своите 39,5 метри е највисок постојан водопад во нашата земја. Потоа патот продолжи кон познатиот манастир во селото Водоча, за на крај да заврши во Радовиш на манифестацијата „Сомунијада и татлијада“.
За време на краткото движење низ подножјето на Беласица, децата имаа предавања за основните начини на ориентација и за безбедно и еколошко движење во планина.
И старешините и извидниците задоволни од прекрасната акција, со нетрпение ја очекуваат наредната активност која ќе се одржи во викендот по Кочанскиот панаѓур.
ИО „ЛАСТОВИЦА“ – Кочани
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ