УЧЕНИЦИТЕ ОД ООУ „НИКОЛА КАРЕВ“ СО ЛИЧНИ РАКОТВОРБИ ГО ЧЕСТИТАА ПРАЗНИКОТ НА ЖЕНАТА

март 8, 2023
1 минути

„Биди единствена, биди храбра, биди своја, биди жена…“ е пораката со која денес во „Паркот на Револуцијата“ ученици од ООУ „Никола Карев“ од Кочани на припадничките на понежниот пол им го честитаа 8-март, Меѓународниот ден на жената.

За таа цел денес на платото во „Паркот на Револуцијата“ во Кочани, учениците од ООУ „Никола Карев“ од Кочани поставија штанд на кој се најдоа нивни ракотворби со пораки наменети на припадничките на понежниот пол.

Идејата и реализацијата за почит.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ