ИЗВРШЕН СЛУЖБЕН РАЗГОВОР СО ЛИЦЕ ПОРАДИ ОБЈАВЕНО ВИДЕО НА ЖЕНА СО ЕКСПЛИЦИТНА СОДРЖИНА

март 14, 2023
0 минути

На 13.03.2023 во Полициската станица Кочани бил извршен службен разговор со Г.П.(40) од Кочани. Тој се сомничи дека на 09/10.03.2023 на социјалните мрежи објавил видео со 33 – годишна жена со експлицитна содржина.

Полициски службеници од ОВР Кочани, по судска наредба, извршиле претрес во неговиот дом, при што пронашле и одзеле лап топ компјутер и мобилни телефони за кои постои сомнение дека се поврзани со делото.

По комплетирање на случајот против Г.П. ќе биде поднесена соодветна пријава.

ИЗВОР: Дневни Соопштенија од  СВР  Штип

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ