Александар Наунов како љубител на велосипедизмот упатуваат Јавен повик до сите заинтересирани роудаши, спортисти, пријатели, велосипедисти рекреативци, во Недела (27.04.2025 годинаа) да се соберат во „Паркот на Револуцијата“ и со почеток во 10:00 часот да стартува возење со велосипед во должина од 62 километри се во чест на прерано згаснатите 62 млади животи во дискотеката „Пулс“
Маршрутата е во должина од 62 километри бидејќи е планирано од „Паркот на Револуцијата“ по стариот пат да се вози до Штип и назад, односно целта да биде каде и стартот.
По поминатите 40 тешки денови ова е вистинскиот момент да се одаде уште една голема почит кон тие млади животи, тие тоа го заслужуваат.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ