- Општина Кочани доделува Награда на Општина Кочани за значајни остварувања за развојот на општината Кочани.
– Наградата за значајни остварувања за развојот на општината Кочани се доделува на поединци, група творци, екипи, установи, трговски друштва и здруженија на граѓани.
– Наградата е во форма на плакета.
- Општина Кочани доделува Награда на Општина Кочани за животно дело.
– Наградата на Општина Кочани за животно дело е плакета и се доделува во случаи на исклучителни резултати и остварувања во областа на науката, иноваторството, уметноста, стопанството и во другите дејности од јавен интерес, по претходна оцена на Одборот за доделување награди на Општина Кочани.
III. Предлозите за доделување на наградите се доставуваат до Одборот за доделување награди на Општина Кочани на адреса: Општина Кочани, ул. „Раде Кратовче“ бр. 1.
Предлозите треба да бидат образложени.
- Јавниот повик трае од 31.07.2026 година, до 25.08.2026 година.
Општина Кочани
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
