ЈУЛСКА КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА, СОБРАНИ 37 КРВНИ ЕДИНИЦИ

јули 30, 2026
0 минути

Црвен крст на Р.С. Македонија – Општинска организација Кочани ја реализираше редовната јулска крводарителска акција. На акцијата крв даруваа 37  крводарители од кои 9 млади лица.

Акцијата е девета што ја спроведува Црвен крст Кочани во тековната година и истата се одржа со поддршка на екипа од Институтот за трансфузиона медицина – Штип.

Граѓаните може да даруваат крв секој последен четврток во месецот во Црвен крст Кочани или секој понеделник и четврток во Службата за трансфузиона медицина во кочанската болница.

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ