Почитувани граѓани и заинтересирани лица, Здружението за екологија и заштита на животната средина ЕКО ТИМ ИСТОК Кочани, со задоволство Ве поканува и Ве информира дека во соработка со друштвото ЕКОПРОЕКТ-КО ДОО Кочани, организира Обуки за правилно собирање и селекција на неопасен отпад, на кој сите заинтересирани граѓани ќе имаат можност да се запознаат со процесите на собирање и третман на неопасен отпад.
Обуките се предвидени да се одржат на ден 29.01.2026 (во еден термин со почеток од 11 часот) и 30.01.2026 во два термини (со почеток од 09:00 и 13:00 часот), на локација на ул. Осоговски Конгрес бр. 102 во Кочани. Обуките ќе траат три часа.
Ве охрабруваме да се пријавите и да се запознаете со начинот на управувањето и третманот со неопасен отпад. ОБУКИТЕ СЕ ПРЕДВИДЕНИ ЗА СИТЕ КАТЕГОРИИ НА ГРАЃАНИ!
Бројот на учесници е ограничен на 10 учесници по обука, затоа Ве охрабруваме да се пријавите на време.
Повикот се однесува на поединци или групи / колективи. Начин на пријавување со порака на FB страната на Здружението Еко Тим Исток (Еko Tim Istok) или на тел. 071272024, кај Асистентот на проектот Ирена Мирчовска, најдоцна до 27.01.2026 година. Активностите се во рамки на проектот „Зајакнување на соработката за локално влијание врз јавните политики за справување со отпад во општина Кочани“, имплементиран од Здружението за екологија и заштита на животната средина ЕКО-ТИМ ИСТОК Кочани, во рамки на програмата за подгрантирање на проектот „Добро владеење во животната средина на Зелена Агенда за Западен Балкан”, имплементиран од Центарот за правни истражувања и анализи, Македонското здружение на млади правници и Фронт 21/42, а е финансиски поддржан од Европската унија.“
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
