Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување на РСМ и Договорот за соработка со Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и Општина Кочани, отворен е јавен повик до евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата Општинско-корисна работа.
Заинтересираните евидентирани невработени лица имаат можност да се вклучат односно работно да бидат ангажирани во програмата Општинско-корисна работа, проект „Доверба“ со скратено работно време од девет месеци заради стекнување вештини и постепено вклучување на пазарот на труд.
Заинтресираните невработени лица Пријави за учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да поднесат во Агенција за вработување- Центар за вработување КОЧАНИ во периодот од 11.06.2024 година до 18.06.2024 година, од 08:00 до 14:00 часот.
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ