Со цел да се обезбеди транспарентен и отворен процес на селекција на предлог-проектите од граѓанските организации за доделување грант во рамките на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 – ReLOaD2 проектот, Општина Кочани во соработка со УНДП објави јавен повик за изразување интерес за учество на претставник од граѓанските организации како набљудувач во Комисијата за евалуација на предлог-проектите поднесени од граѓанските организации во рамките јавниот повик кој е објавен во Општина Кочани.
Претставникот на граѓанските организации во Комисијата за евалуација ќе ги има следниве должности и обврски: ќе биде набљудувач во Комисијата за евалуација без право на глас; ќе потпише изјава за доверливост и непристрасност и нема да споделува никакви информации околу процесот на евалуација; ќе биде присутен во текот на целото времетраење на евалуацијата од почеток до крај; во случај на неможност да присуствува, на местото на претставникот на граѓанските организации ќе дојде заменик, при што заменикот ќе ја преземе улогата на набљудувач – претставник на граѓанските организации, а ќе има задача да го потпише и извештајот на Комисијата за евалуација, кој ќе ги резимира наодите од евалуацијата на предлог-проектите.
Кандидатот за набљудувач во Комисијата за евалуација мора да биде член и/или постојано вработено лице во граѓанска организација што е законски основана, согласно со Законот за асоцијации и фондации. Пожелно е кандидатот да има: претходно искуство и вештини за спроведување на евалуација на предлог-проекти од граѓански организации. Искуство со грантови доделени од ЕУ ќе се смета за предност, како и искуство во подготвување и/или имплементација на проекти финансирани од јавни средства.
Граѓанската организација во која избраниот кандидат е член и/или постојано вработен не може да аплицира (ниту како носител ниту како партнер на носителот) на јавниот повик за поднесување предлог-проекти во рамките на ReLOaD 2 проектот во општинa Кочани.
Начинот и потребните документи за пријавување се објавени на веб-страницата на Општина Кочани, а крајниот рок за поднесување на апликациите е до 18 март 2022 година, до 15 часот, на е-адресата: info@kocani.gov.mk.
Општина Кочани