ЈАВНА РАСПРАВА ЗА ЗАМЕНА НА СТАРИТЕ СО НОВИ ВОДОМЕРИ НА КЈП „ВОДОВОД“

септември 19, 2023
0 минути

В среда, на 20 септември, со почеток од 18 ч. во салата на Мултикултурниот центар  Кочани ќе се одржи јавна расправа за замената на постоечките и инсталацијата на нови водомери во водоснабдителниот систем на КЈП „Водовод“, во рамките на проектот  „Намалување на загубите на вода во водоснабдителниот систем и искористување на соларната енергија во јавното комунално претпријатие во општина Кочани“.

За реализација на овој проект е потпишан договор за грант од Центарот за меѓународна соработка и развој на Република Словенија, а е кофинансиран од Општина Кочани.

Општина Кочани ги повикува граѓаните да се вклучат во јавната расправа.

Општина  Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ