В понеделник, 12 јануари 2026 година, во 17 ч., во салата на Мултикултурниот центар во Кочани ќе се одржи јавна трибина во врска со иницијативата на Здружението „16 март 2025 – Кочани“ за определување локација за спомен-обележје на загинатите во „Пулс“.
Општина Кочани информира дека заклучно со 11 јануари 2026 г. е активна електронската анкета објавена на мЗаедница, преку која граѓаните може да се произнесат по оваа иницијатива. Потребно е заинтересираните граѓани да креираат профил на линкот http://www.mzaednica.mk/ и да дадат одговор на двете поставени прашања.
Здружението на граѓани „16 март 2025 – Кочани“ поднесе барање до Општина Кочани за поставување спомен-обележје на локацијата Стар парк во Кочани, на триаголникот помеѓу улиците „Браќа Ставреви“ и „Кеј на револуцијата“, а Советот на Општина Кочани побара и непосредно учество на граѓаните при донесувањето на одлуката.
Општина Кочани
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
