ЗАВРШЕН НАСТАН ОД ЕРАЗМУС + ПРОЕКТОТ СТЕ(А)М КИДС“

август 19, 2022
1 минути

Здружението за поддршка на економскиот развој  – Локална акциона група – Кочани и ЈОУДГ „Павлина Велјанова“ од Кочани, денес во ресторан „Амор“ го одржаа завршниот настан за дисеминација на резултатите од проектот „Воспоставување на концепт на СТЕ(А)М училница во предучилишното образование“. Проектот е финансиран од ЕУ програма Еразмус +.

На настанот присуствуваа заинтересирани локални претставници на субјекти чија дејност е поврзана со воспитно-образовните процеси, односно носители/креатори на локални политики како и претставници од невладиниот сектор.

Гостите ги поздрави а воедно и настанот за отворен го прогласи Јованка Ефтимова – Директор на ЈОУДГ „Павлина Велјанова“ од Кочани.

С. Ивановски