ПРОМОЦИЈА НА КНИГАТА „КНИЖЕВНИ ПОРТРЕТИ И РЕЦЕНЗИИ“

септември 30, 2023
1 минути

На денот на започнувањето на годинешното 32. издание на манифестацијата „Денови на Кочанскиот ориз“ во чии склоп беше и промовирана книгата „Книжевни портрети и рецензии“ од авторот Славица Цветкова.

Промоцијата на книгата беше во просториите на ЈОУ Библиотека „Искра“ во Кочани, а промотори на книгата беа м-р Габриела Стефановска и Иван Котев.

Настанот беше збогатен со музички дел за кој се погрижија ученици од ООМУ „Ристо Јуруков“ од Кочани.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ