ЈОУ ДГ „ПАВЛИНА ВЕЛЈАНОВА“ ЗАПОЧНА СО АКЦИЈАТА НА ЗАСАДУВАЊЕ ДРВЦА

март 21, 2022
0 минути

Дечињата и вработени во ЈОУ ДГ „Павлина Велјанова“ започнаа со засадување на зимзелени и листопаадни дрвца по повод доаѓањето на едно од најубавите годишни времиња – пролетта.

Како први кои ја започнаа акцијата со засадување дрвца беа дечињата од сите групи како и вработените од клон „Сончогледи“.

Освен засадувањето на дрвцата дечињата имаа и други активности: пееја, играа и рецитираа.

Акцијата продолжува утре (Вторник) кога честа да засадуваат дрвца ќе ја имаат дечињата од клон „Бамби“, додека за Среда и Четврток се најавени активности во клон „Ѕвездички“.

Целта на засадувањето дрвца е кај дечињата уште во најрана возраст се развие еколошката совест се со цел да се живее во чиста и здрава животна средина.

С. Ивановски