ЈОУДГ „ПАВЛИНА ВЕЛЈАНОВА“ СЕ ВКЛУЧИ ВО ПРОЕКТОТ „ДЕЦАТА И ЗАКОНИТЕ“

август 19, 2024
1 min read

ЈОУДГ „ Павлина Велјанова“ се вклучи во нов проект  „Децата и законите“ „Kids and law“, кофинансиран од програмата Еразмус+   со времетраење од 24 месеци, почнувајќи од 01.11.2023 година.

Преку учење преку „студии на случај“, проектот се обидува да ја всади важноста на правните регулативи, моралните норми и инклузивноста, на крајот обликувајќи ги идните граѓани кои активно се вклучуваат во поддржувањето на заедничките вредности.

Од Македонија учествуваат ЈОУДГ „ Павлина Велјанова“ и Здружение на Роми„ Авена“.Од Бугарија учествуваат организациите: Здружение „Центар за одржливост и економски развој“, град Пазарџик  градинка „Еделваис“ од Велинград. Од Грција  детска градинка „To Trenaki“ Атина  и невладина организација„ Action for the civilsociety Greece“ (Attiki) Keratsini.

Проектот го промовира  имплементирањето на Европската рамка за квалитет на предшколското образование и грижа во согласност со препораката на Европскиот совет од 2019 година и Конвенцијата на УНЕСКО противдискриминација во образованието, Универзалната декларација за човекови права и со која се потврдува дека образованието е основно човеково право за секого.

Образованието да се обезбеди за сите подеднакво, без оглед на расата, полот, бојата на кожата, националното или социјалното потекло, политичкото и верското уверување, имотот и социјалниот статус. Ова води кон спроведување на инклузивно образование. Се промовира подршката за почетен и понатамошен индивидуален развој на персоналот од предшколските установи од С. Македонија, Бугарија и Грција.

Главната цел на проектот е да се развие и имплементира иновативен образовен концепт за деца од предучилишна возраст, фокусирајќи се на важноста на законските регулативи, почитувањето на човековите права и намалувањето на агресивноста, истовремено поттикнувајќи ја толеранцијата. Специфичните цели вклучуваат надградба на капацитетот на наставниот кадар за примена на нови образовни методи, зголемување на вештините за препознавање и справување со дискриминацијата и девијантното однесување и вклучување на наставниците во креирањето на наставната содржина и ангажирањето на родителите.

За оваа цел првата обука беше одржана во Атина-Грција  во периодот од 07.07.2024 до 13.07.2024 година во која учествуваа воспитниот кадар од ЈОУДГ„ Павлина Велјанова“ Кочани.

Втората обука се одржа во Велинград Бугарија во периодот од 04.08.2024 година до 09.08.2024 година во која учествуваа воспитен кадар  од детските градинки и експерти од Македонија, Бугарија и Грција.

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ