ПОТПИШАН ОТВОРЕН МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА НА РОТАРИ КЛУБ „КОЧАНИ-ВИНИЦА“ И УЧИЛИШТАТА ОД КОЧАНИ И ВИНИЦА

септември 30, 2022
1 минути

Денес на заедничка средба во ООУ „Никола Карев“, Ротари клуб „Кочани–Виница“ и сите основни и средни училишта од Кочани и Виница потпишаа отворен меморандум за соработка во делот на унапредување на образованието на локално ниво. Mеморандум има за цел меѓусебна соработка и взаемна помош и поддршка со цел размена на искуства, знаења, едукација, практична настава на ученицитие и усовршување на кадри од областа на едукацијата и образованието.

„Ние како Ротари клуб се раководиме по начелата на Ротари Интернационал и едно од тие начела е токму поддршка на образовниот процес.  Меморандумот за соработка што го потпишавме денес всушност е темел за идни соработки, преку идеи и проекти на кои Ротари клубот Кочани – Виница ќе даде поддршка“ рече Сашко Андонов, претседател на Ротари клуб Кочани – Виница.

„Лично како домаќини на настанот се надеваме дека ваков тип на соработка ќе биде одлична можност за сите училишта во нашата општина да работат на заеднички проекти кои ќе бидат од општо добро, добро на задницата и учениците“ истакна Александар Андов, директор на ООУ „Никола Карев“ – Кочани. Ротари клуб Кочани – Виница и Основните и Средни училишта од Кочани и Виница ќе соработуваат на различни начини, а особено преку:

– Активности за подобрување на теоретската и практична настава како и заеднички проекти за размена на ученици во земјата и странство.

-Заедничко учество на семинари и работилници организирани на ниво на потписниците и/или проширено ниво со останати субјекти во и надвор од Македонија чиј делокруг на работа е од интерес за потписниците,

-Соработка на експертски и професионални тимови

-Меѓусебната соработка во реализацијата на наставниот процес, изработка на заеднички проекти од областа на образованието