Утре (Недела) на програмата се уште три натпревари од фудбалската Супер лигата на Турција која започна денес со воведни три натпревари. Сепак за нас вниманието го привлекува натпреварот „Гиресунспор“ – „Адана Демирспор“.
Имено од ова првенство за екипата на „Адана Демирспор“ настапува и Јован Манев кој преку Кочани и Штип стигна во Адана.
Како што објави денес порталот на „Адана Демирспор“, во новото првенство Јован Манев ќе го носи бројот 15.
На Јован Манев му посакуваме успешни настапи и сигурно место во стартниот состав на „Адана Демирспор“.
Среќно Јован
С. Ивановски