Денес е голем Македонски празник, најголем. Денес е Илинден. Е токму по повод празникот денес делегации само од Општина Кочани, од поддржувачите на борците од НОВ и од ОК на ВМРО ДПМНЕ – Кочани ги посетија „Споменикот на слободата“ и споменикот на Никола Карев и бистите на Љупчо Сантов и Раде Кратовче во„Паркот на Револуцијата“ во Кочани каде положија свежо цвеќе.
Чудно е што делегатите на ОО на СДСМ – Кочани кои редовно досега го одбележуваа Илинден и останатите празници не се појавија на оваа скромна свечениот.
Иако патот е истиот, кој знае можеби некои се загубиле по него или пак инкогнито без да бидат забележани биле и си заминале.
С. Ивановски