ПАТРИОТИЗМОТ ПУШТЕН НА НАЈ ЈАКО

август 2, 2022
0 минути

Кочани, 09:00 часот наутро, ден на најголемиот Македонски празник „Илинден“. Улиците празни како и во последните години на овој ден, во овој термин. Металните столбови исто така празни, без знамиња.

И сега што ние денес славиме, каде ви е патриотизмот кога и на најголемиот Македонски празник немате истакнато државни знамиња, а знаете дека знамето е симболот на една земја.

Споредувајќи ги последните тринаесет години помисливме дека еве некој ќе почне барем од оваа година да го почитува големиот Македонски празник, за жал ништо од сето тоа.

И сега кога некој странец би не запрашал што празник имаме бидејќи е неработен ден, нема да знаеме што да му одговориме ама затоа барем ден после празникот повторно ПАТРИОТИЗМОТ  ЌЕ  СЕ  ПУШТИ  НА  НАЈ  ЈАКО.

Срам, поголем срам, здравје.

С. Ивановски