Во рамките на кампањата 16 денови активизам против родово базирано и семејно насилство, денеска, 9 декември 2025 г., со почеток од 13:30 ч., во ЈОУБ „Искра“ во Кочани ќе се одржи програма што опфаќа промоција на книгата „Азбука на семејното насилство“ од авторките Наташа Георгиева и Мирјана Јовановска Стојановска и изложба на цртежи на тема „Помеѓу сенката и силата“ подготвена од Марина Арсова.
Книгата „Азбука на семејното насилство“ ќе ја промовира Магдалена Кочовска Салтирова, а стручен осврт кон изложбата ќе има Александра Димитрова.

КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
