Во организација на Карате Клуб „Шкендија“ а со поддршка на Карате Федерацијата на Македонија во текот на вчерашниот ден (Сабота) во тетово се одржа меѓународниот карате турнир „Златен куп“.
Каратистите на „Кочани“ настапија со 6 борачи од кои неколкумина имаа настап и во две категории за да на крајот освојат вкупно осум медали од кои 2 златни, 2 сребрени и 4 бронзени.
Освојувачи на медали по категории станаа:
– Дамјан Симеонов 2014 -30кг. 1 место
– Душанка Ристова 2012 -45кг. 1 место
– Илина Костадинова 2013 -44кг. 2 место
– Илина Костадинова 2012 -45кг. 2 место
– Алексеј Ристов 2016 -30кг. 3 место
– Катерина Стојановска 2013 +44 кг. 3 место
– Душанка Ристова 2012 -40кг. 3 место
– Томислав Ристов 2012 -37 кг. 3 место
Од претставниците на Карате клуб „Кочани“ најсилен впечаток остави новиот натпреварувач Дамјан Симеонов кој со одлично прикажани борби го освои првото место.
Инаку, на турнирот учествуваа клубови од Косово, Бугарија, Албанија и Македонија.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ