КАРАТИСТИТЕ НА „ПАРТИЗАН“ ОД КОЧАНИ ОЖНЕАЈА 15 МЕДАЛИ ВО ЛЕСКОВАЦ

Во Спорт
октомври 9, 2022
1 минути

Во организација на Карате Клуб „Ипон“ од Лесковац, денес во истоимениот град во Република Србија се одржа традиционалниот Меѓународен карате турнир „Ипон Опен 2022“. Годинава на турнирот зедоа учество околу 500 натпреварувачи од клубови од Република Северна Македонија, Република Србија и Бугарија.

„Партизан“ на турбирот учествуваше со 26 натпреварувачи кои на крајот освоија 15 медали од кои 2 златни, 2 сребрени и 11 бронзени.

Иако сите покажаа добри настапи сепак се издвојуваат настапите со т.н. најдобар настап а тоа се Божидар Трајчев кој освои златен медал во категоријата до 30 килограми борби – (2013) и бронзен медал во категоријата „кати“ и Андреа Ефтимова која освои златен медал во категоријата „кати“ (2011).

„Скоро сите натпреварувачи кои настапија денес, почнувајки од најмалите родени 2016-2015 година па до поголемите родени 2008година, настапуваат за прв пат на еден турнир и покажаа дека во нив има потенцијал за идни добри натпреварувачи и репрезентативци. Во клубот сите сме задоволни од она што денес го постигнавме“ – беше изјавата на Оливер Коцев, еден од тренерите во „Партизан“.

Инаку Карате Клубот „Партизан“ во последните две децении е постојан учесник на овој турнир.

Освоените медали радуваат но и ги обврсуваат сите во клубот за уште поголема работа и поголеми остварувања.

Одиме понатака.

С. Ивановски