екологија

НОВИ  САДНИЦИ ПОКРАЈ  ТРОТОАРИТЕ  И  ВО  ПАРКОВИТЕ  ВО  КОЧАНИ

НОВИ САДНИЦИ ПОКРАЈ ТРОТОАРИТЕ И ВО ПАРКОВИТЕ ВО КОЧАНИ

Деновиве се озеленуваат нови површини во централното градско подрачје на Кочани. Се засадуваат нови садници од видовите јасен, јавор, липа, црвена слива и платан покрај тротоарите по неколку улици, како и на повеќе парковски површини. Општина Кочани апелира до граѓаните грижливо и совесно да се однесуваат и да не ги оштетуваат новите садници и останатата…

ЗАПОЧНУВА  ИНСТАЛИРАЊЕТО  НА  ФОТОВОЛТАИЧНИ  СИСТЕМИ  НА  ТРИ  ЈАВНИ  ОБЈЕКТИ  ВО  КОЧАНИ

ЗАПОЧНУВА ИНСТАЛИРАЊЕТО НА ФОТОВОЛТАИЧНИ СИСТЕМИ НА ТРИ ЈАВНИ ОБЈЕКТИ ВО КОЧАНИ

Градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов и изведувачот на работите „ТМ“ од Штип, во присуство на претставници од Центарот за развој на Источниот плански регион, денеска  го потпиша договорот за инсталација на фотоволтаични системи во Кочани, како дел од проектот „Инсталација на фотоволтаични системи на јавни објекти во Источен плански регион“. Со овој проект на…

ОСНОВНИТЕ  УЧИЛИШТА  ГО  ОДБЕЛЕЖАА  ДЕНОТ  НА  ПРОЛЕТТА  И  НА  ЕКОЛОГИЈАТА

ОСНОВНИТЕ УЧИЛИШТА ГО ОДБЕЛЕЖАА ДЕНОТ НА ПРОЛЕТТА И НА ЕКОЛОГИЈАТА

Со различни еколошки акции, основните училишта во Кочани го одбележаа 21 Март – Денот на пролетта и на екологијата. Во знак на поддршка на училиштата, градоначалникот Љупчо Папазов и секретарот на Општина Кочани Драган Ананиев денеска се вклучија во акцијата за засадување дрвца во дворот на ОУ „Крсте Мисирков“ во Оризари.  Со поддршка од Општина…

МЕДАЛ  ЗА  ЕНЕРГЕТСКА  ЕФИКАСНОСТ  ЗА  ПРЕЧИСТИТЕЛНАТА  СТАНИЦА  ЗА  ОТПАДНИ  ВОДИ  ВО  МОЈАНЦИ

МЕДАЛ ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ ЗА ПРЕЧИСТИТЕЛНАТА СТАНИЦА ЗА ОТПАДНИ ВОДИ ВО МОЈАНЦИ

Рето Булер, претставникот на консултантската куќа „ЕБП“ при реализацијата на проектот Пречистителна станица за отпадни води во Мојанци, денеска, во Кочани го донесе престижното признание – медал за чест  на Пречистителната станица во Кочани, коешто Асоцијацијата за отпадни води во Швајцарија го доделува за енергетски ефикасни оператори. „Среќен сум што денеска сум тука, за реализацијата…

ИСЧИСТЕН  ДЕЛ  ОД  ДИВАТА  ДЕПОНИЈА  КАЈ  СТАРАТА  КАСАРНА

ИСЧИСТЕН ДЕЛ ОД ДИВАТА ДЕПОНИЈА КАЈ СТАРАТА КАСАРНА

Расчистено ѓубриште во Кочани во акција на девојки кои поминаа обуки за женско лидерство во акцијата организирана од девојките од програмата “Girl’s power”. Денес е исчистен дел од дивата депонија во Кочани кај старата касарна. Во реализација на акцијата учествуваа и поддршка дадоа екипите на  КЈП „Водовод“ со нивни вработени и машини кои беа од…

„АНГАЖИРАЈ  СЕ“  –  АКЦИЈА  ЗА  ЧИСТА  И  ЗДРАВА  ЖИВОТНА  СРЕДИНА

„АНГАЖИРАЈ СЕ“ – АКЦИЈА ЗА ЧИСТА И ЗДРАВА ЖИВОТНА СРЕДИНА

„Чистата и здрава околина е одговорност за секој од нас“ е пораката која се испраќа со акцијата за чистење на ѓубрето во кругот на Стара касарна под АСНОМ во Кочани. Организаторите ги повикуваат сите граѓани и локални организации да бидат дел од акцијата која ќе се случува во четврток, 14 март, во периодот од 09.00…

ПРОДОЛЖУВА  ОЗЕЛЕНУВАЊЕТО  НА  ПОВРШИНИ  ВО  ОПШТИНА  КОЧАНИ

ПРОДОЛЖУВА ОЗЕЛЕНУВАЊЕТО НА ПОВРШИНИ ВО ОПШТИНА КОЧАНИ

Акцијата за засадување нови садници во Кочани продолжува. Деновиве се озеленија површини во централното градско подрачје, како и на влезот и на излезот во Кочани. Во текот на вчерашниот ден е оформена зелена ограда од источната страна на ОУ „Св. Кирил и Методиј“, засадени се земјените површини на повеќе кружни текови, а дополнети се и…

УРЕДУВАЊЕ  НА  ДОПОЛНИТЕЛЕН  ПАРКИНГ  ПРОСТОР  ПРЕД  СТАДИОНОТ  „НИКОЛА  МАНТОВ“

УРЕДУВАЊЕ НА ДОПОЛНИТЕЛЕН ПАРКИНГ ПРОСТОР ПРЕД СТАДИОНОТ „НИКОЛА МАНТОВ“

Екипите од секторот Градско зеленило во соработка со Општина Кочани спроведуваат акција за кастрење и сечење на гранки, грмушки и диво израснато зеленило како и расчистување на тротоарите и рабниците околу градскиот стадион. Исто така со сопствена механизација и работна сила се работи на проширување на просторот до градскиот стадион со што ќе се создадат…

ВО  ТЕК  Е  РАСЧИСТУВАЊЕ  НА  ДИВИ  ДЕПОНИИ  НА  ТЕРИТОРИЈА  НА  ОПШТИНА  КОЧАНИ

ВО ТЕК Е РАСЧИСТУВАЊЕ НА ДИВИ ДЕПОНИИ НА ТЕРИТОРИЈА НА ОПШТИНА КОЧАНИ

Во тек е расчистување на диви депонии во источниот регион, прва фаза од воспоставувањето на регионална депонија во Источниот и Североисточниот Регион. Меѓу останатите локации, деновиве беше отстранет и отпадот кај Фабриката за вода и на просторот кај подрачното училиште „Св. Кирил и Методиј“ со фудбалското игралиште во Горни Подлог. Се работи на сечење гранки…

ТЕРЕНСКИ  РАБОТНИ  АКТИВНОСТИ  ЗА  РАСЧИСТУВАЊЕ  И  УРЕДУВАЊЕ  НА  ЛОКАЦИИ  ВО  ГРАДОТ

ТЕРЕНСКИ РАБОТНИ АКТИВНОСТИ ЗА РАСЧИСТУВАЊЕ И УРЕДУВАЊЕ НА ЛОКАЦИИ ВО ГРАДОТ

Започнаа теренските работни активности на Општина Кочани во соработка со КЈП „Водовод“ Кочани за расчистување и уредување на дрворедот на улица „Димитар Влахов“ на влезот на градот и околу стадионот „Никола Мантов“. Се работи на кастрење и сечење дрвја, гранки и диво израснато зеленило, уредување на просторот со механизација од наноси на земја итн. Ваквите…