Економија

УЛИЦАТА  „ПОП  АРСОВ  БЛАЖЕ“  СО  ПРОБЛЕМ  КОЈ  НИКОЈ  НЕ  САКА  ДА  ГО  РЕШИ

УЛИЦАТА „ПОП АРСОВ БЛАЖЕ“ СО ПРОБЛЕМ КОЈ НИКОЈ НЕ САКА ДА ГО РЕШИ

Жителите од улицата „Поп Арсов Блаже“ во населбата  „Трајаново трло“ како што истакнуваат веќе подолг период се соочуваат со проблем кој настанал при асфалтирањето на новата улица. Имено изведувачот при асфалтирањето ја затрупал шахтата и сега низ улицата течат фекалии кои не само што создаваат непријатна миризба туку се штетни и по здравјето на луѓето….

УЛИЦАТА  „ВИТА  ПОП  ЈОРДАНОВА“  УШТЕ  ЈА  ЧЕКА  САНАЦИЈАТА

УЛИЦАТА „ВИТА ПОП ЈОРДАНОВА“ УШТЕ ЈА ЧЕКА САНАЦИЈАТА

И по близу година дена улицата „Вита Поп Јорданова“ уште чека санација. На 25.07 о.г. објавивме писмо од жителите на улицата во кое тие тогаш го објаснија проблемот. Улицата за да биде сменета водоводна цевка била ископана а по замената на цевката не била целосно санирана. По нашата објава со реакцијата на жителите, како што…

РЕКОНСТРУКЦИЈА  НА  ПОСТОЕЧКАТА  ВОДОВОДНА  ЛИНИЈА  НА  УЛИЦАТА  „ШУКРИ  ШАИН“

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ПОСТОЕЧКАТА ВОДОВОДНА ЛИНИЈА НА УЛИЦАТА „ШУКРИ ШАИН“

На улицата „Шукри Шаин“ деновиве Комуналното јавно претпријатие „Водовод“ изврши реконструкција на старата водоводна линија. Со рекострукцијата на водоводната линија се овозможи надминување на проблемите со водоснабдувањето, како и отстранување на нелегалните приклучувања на линијата. Општина  Кочани

ЗАПОЧНА  РАБОТИТЕ  НА  УЛИЦАТА  „СМИЛЕВСКИ  КОНГРЕС“

ЗАПОЧНА РАБОТИТЕ НА УЛИЦАТА „СМИЛЕВСКИ КОНГРЕС“

Деновиве започна изградбата на улицата „Смилевски конгрес“ во населба Драчевик, во должина од 186 метри и ширина од 6 метри. Во склоп на градежните активности ќе биде извршен машински ископ на земја, тампонски слој од дробен камен и асфалтирање. На десната страна од улицата ќе биде изработен и тротоар од бекатон плочки. Изградбата на улицата…

ПРОТЕСТ  ПОРАДИ  ТРИ  МЕСЕЦИ  ДОЦНЕЊЕ  НА  ПЛАТИТЕ  НА  ВРАБОТЕНИТЕ  ВО  ВОДОСТОПАНСКАТА  ПОДРУЖНИЦА  „БРЕГАЛНИЦА“

ПРОТЕСТ ПОРАДИ ТРИ МЕСЕЦИ ДОЦНЕЊЕ НА ПЛАТИТЕ НА ВРАБОТЕНИТЕ ВО ВОДОСТОПАНСКАТА ПОДРУЖНИЦА „БРЕГАЛНИЦА“

Трите не земани плати беа причината утрово пред зградата на Водостопанство „Брегалница“ во Кочани спонтано да излезат вработените и да го искажат својот револт. „Главната причина е што досега не ни се исплатени две плати, а веќе од утре влегуваме во третиот месец како немаме земено плата. Ние сме Акционерско друштво на ниво на Македонија…

ПРОБНОТО  МАШИНСКО  ЧИСТЕЊЕ  НА  ДЕЛОВИ  ОД  ГРАДСКИОТ  ПАРК  –  УСПЕШНО

ПРОБНОТО МАШИНСКО ЧИСТЕЊЕ НА ДЕЛОВИ ОД ГРАДСКИОТ ПАРК – УСПЕШНО

Делови од Градскиот парк пробно беа чистени со вода под висок притисок. Стручните служби од Општина Кочани известуваат дека машинското чистење со воден притисок во Градскиот парк се покажа успешно, за разлика од претходно користените машини за чистење на гранитните плочки во Трговскиот центар. Пробно беа исчистени чистеа делови од Детското игралиште во Градскиот парк,…

СЕ  АСФАЛТИРА  ДЕЛ  ОД  УЛИЦАТА  „ДИМИТАР  ВЛАХОВ“

СЕ АСФАЛТИРА ДЕЛ ОД УЛИЦАТА „ДИМИТАР ВЛАХОВ“

Претпладнево почна асфалтирањето на дел од улицата „Димитар Влахов“, на потегот од Стришанска Чешма до ТА „Вел-јан“. Градежните активности се дел од реконструкцијата на оваа улица, а во рамките на изградбата на втората коловозна лента на улицата „Стево Теодосиевски“. Овој проект ја опфаќа и изградбата на кружниот тек кај „Вел-јан“, кој се асфалтира денеска. Општина …

ПОДГОТОВКИ  ЗА  АСФАЛТИРАЊЕ  НА  ДЕСНИОТ  КОЛОВОЗ  НА  УЛИЦАТА  „СТЕВО  ТЕОДОСИЕВСКИ“

ПОДГОТОВКИ ЗА АСФАЛТИРАЊЕ НА ДЕСНИОТ КОЛОВОЗ НА УЛИЦАТА „СТЕВО ТЕОДОСИЕВСКИ“

Во текот на денешниот ден се извршуваат подготвителни активности за асфалтирање на десниот коловоз на улицата „Стево Теодосиевски“. Истовремено се известуваат сите учесници во сообраќајот дека од утре започнува асфалтирањето на десниот крак на улицата „Стево Теодосиевски“ и се апелира кон зголемена претпазливост и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Општина  Кочани

ГРАДЕЖНИ  АКТИВНОСТИ  НА  ДВЕ  УЛИЦИ  –  ВО  КОЧАНИ  И  ВО  СЕЛО  ТРКАЊЕ

ГРАДЕЖНИ АКТИВНОСТИ НА ДВЕ УЛИЦИ – ВО КОЧАНИ И ВО СЕЛО ТРКАЊЕ

Започна реконструкцијата на улицата „Јордан Зафиров“ и подготовките за асфалтирање. Деновиве беше извршено тампонирање на дел од улицата, а во периодот којшто следува ќе бидат поставени ивичњаци. Истовремено започна тампонирањето и на дел од улицата „Маршал Тито“ во с. Тркање. Општина  Кочани  

ЌЕ  СЕ  ДОВЕДЕ ЛИ  ВО  РЕД  ПАРКИНГ  ПРОСТОРОТ  ЗАД  ЗГРАДАТА  НА  НЕКОГАШНИОТ  КОМИТЕТ?

ЌЕ СЕ ДОВЕДЕ ЛИ ВО РЕД ПАРКИНГ ПРОСТОРОТ ЗАД ЗГРАДАТА НА НЕКОГАШНИОТ КОМИТЕТ?

И кога има врнежи и кога нема на паркинг просторот лоциран зад зградата на некогашниот „Комитет“ е вистински хаос. Станарите од зградите околу паркингот протестираат поради тоа што честопати непоканети лица за да не плаќаат паркинг простор а сакаат да си уживаат по кафулињата ги паркираат своите возила кои стојат понекогаш и по цел ден,…