известувања

ДОГОВОРЕН ПРОТЕСТЕН МАРШ ЗА ПЕТОК ВО 10 ЧАСОТ, ОД ПАРКОТ ДО ЗП КОЧАНИ
Членовите на иницијативниот одбор за линеарно зголемување на пензиите во износ од 3.600 денари, денеска одржаа консултативен состанок, на кој се договорени активностите поврзани со протестите на локални ниво и генералниот протест закажан за 14 август во Скопје. Претставниците на кочанските пензионери во меѓувреме одржаа состанок со иницијаторите на петочниот протест, заради координација на активностите…

ИНИЦИЈАТИВНИОТ ОДБОР ОДЛУЧИ ПРИСУСТВО НА ПРОТЕСТОТ ВО СКОПЈЕ ЗА ЛИНЕАРНО ПОКАЧУВАЊЕ НА ПЕНЗИИТЕ
Иницијативниот Одбор на Здружението на пензионери на Општина Кочани за линеарно покачување на пензиите одржа ,состанок на кој беа договорени следните активности. Како прва приоритетна активност која едногласно беше прифатена е присуство на пензионерите од Општина Кочани на закажаниот заеднички протест на сите пензионерски друштва од Македонија кој треба да се одржи на 14 Август…

ДУШАНКА ГОРГИЕВА – ТРПЕВСКИ НАЗНАЧЕНА ЗА В.Д. ДИРЕКТОР НА ОПШТА БОЛНИЦА СО ПРОШИРЕНА ДЕЈНОСТ КОЧАНИ
По потпишувањето на решението од страна на Министерот за здравство на Република Македонија Д-р Фатмир Меџити, М-р д-р Душанка Горгиева – Трпевски е назначена за в.д. директор на Општа болница со проширена дејност – Кочани. М-р д-р Душанка Горгиева – Трпевски досега ги извршуваше работните задачи во Одделението за детска и превентивна стоматологија во Општа…

ПЕРО ГОРГИЕВСКИ ГО ПОТПИША МЕНАЏЕРСКИОТ ДОГОВОР ЗА НАЗНАЧУВАЊЕ НА В.Д. ДИРЕКТОР ВО КЈП „ВОДОВОД“ – КОЧАНИ
Она што порталот komarec.com.mk го најави пред десетина дена, денес финишираше. Досегашниот советник во Советот на Општина Кочани Перо Горгиевски денес го потпиша менаџерскиот договор за назначување на в.д. директор во КЈП „Водовод“ – Кочани. Горгиевски во КЈП „Водовод“ – Кочани доаѓа на местото на досегашниот в.д. директор Антонио Паунов. Пред Горгиевски е голем предизвик,…

И ПЕНЗИОНЕРИТЕ НА КОЧАНИ СЕ ПРИДРУЖИЈА НА ПРОТЕСТОТ ЗА ЛИНЕАРНО ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПЕНЗИИТЕ
На пензионерите од Прилеп кои во текот на вчерашниот ден први излегоа на протест поради малиот процент на зголемување на пензиите денес им се придружија и пензионерите од повеќето општини во републиката меѓу кои и пензионерите од Општина Кочани. На мирниот протест што денес се одржа во и пред просториите на Здружението на пензионери на…

ПОВТОРНА ОБЈАВА ЗА АНГАЖИРАЊЕ ЛИЦА ЗА РЕВИЗИЈА НА ПАЗАРНА ВРЕДНОСТ ЗА НЕДВИЖЕН ИМОТ НА ТЕРИТОРИЈАТА НА ОПШТИНА КОЧАНИ
Општина Кочани го обновува барањето за 20 лица што ќе вршат ревизија на пазарната вредност на недвижен имот на територијата на општина Кочани. Лицата ќе бидат ангажирани со договор на дело и ќе вршат прибирање податоци од терен, фотографирање, евидентирање и пополнување обрасци наменети за секоја катастарска парцела на територијата на општина Кочани – во…

МВР: АПЕЛ ЗА ВНИМАНИЕ ОД ЛАЖНИ НАГРАДНИ ИГРИ НА ИНТЕРНЕТ
Секторот за компјутерски криминал при Бирото за јавна безбедност на Министерството за внатрешни работи во изминатиот период констатираше зголемена појава на пријави за лажни наградни игри на интернет, преку користење на социјалните мрежи, особено преку социјалната мрежа Фејсбук, преку отворање на лажни профили именувани по некоја позната компанија од земјата со долгогодишно постоење, со цел…

ВЛАДА НА РСМ – ЗАБРАНА ЗА ДВИЖЕЊЕ НИЗ ШУМИТЕ И НАЦИОНАЛНИТЕ ЗАШТИТЕНИ ПОДРАЧЈА
Владата, на предлог на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, ги задолжи корисниците, односно стопанисувачите со државни шуми, согласно Законот за шумите, да прогласат забрана за движење во шумите, по добиена претходна согласност од надлежното министерство, што ќе се операционализира од утре, 17 јули 2023 година (понеделник). Забраната важи и за движења во националните заштитени…

ВЛАДА НА РСМ – ПРОДОЛЖУВААТ ДА ВАЖАТ МЕРКИТЕ И ПРЕПОРАКИТЕ ЗА ЗАШТИТА НА ГРАЃАНИТЕ ОД ВИСОКИТЕ ТЕМПЕРАТУРИ
Владата на Република Северна Македонија на вечерашната седница ја разгледа Информацијата од Министерството за здравство за високите температури што се очекува да продолжат од утре и усвои соодветни препораки. Според Управата за хидрометеоролошки работи, како што извести Министерството за здравство, портокаловата фаза во којашто се наоѓа државата продолжува од утре, 17 јули 2023 година (понеделник)…

НА ХАРТИЈА ТРАНСПАРЕНТНА А ВО СТВАРНОСТ – ЗАТВОРЕНА ЗА КОМУНИКАЦИЈА
(РЕАКЦИЈА НА ТВ КАНАЛ 8 НА РЕАКЦИЈАТА НА ОПШТИНА КОЧАНИ ЗА СОСТОЈБАТА СО ПЛАНИНАРСКИОТ ДОМ НА ПОНИКВА) Неповикана, никаде неспомната во наведениот текст како институција одговорна за актуелната состојба, Општина Кочани писмено реагираше на новинарско видување за состојбата со Планинарскиот дом на Пониква, невешто избирајќи да оди по народната „кој си ја има мувата…“ Лидер-општината…