известувања
ОГЛАС ЗА КУПУВАЊЕ НА ПЛАЦ ВО ОРИЗАРИ
Сериозен купувач бара градежно земјиште (плац) во Оризари, кое ги исполнува сите услови за градба и има целосно уредна документација. • Чист имотен лист, без обврски Заинтересираните можат да се јават на: 078 782 551 КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
ЈОУБ „ИСКРА“ – ВТОРА РАБОТИЛНИЦА ОД СЕРИЈАТА „ОСУМ РАБОТИЛНИЦИ“
Почитувани, На 28 април, во 16 часот ќе се реализира Работилницата – „Практични алатки за справување со стресто“. Станува збор за втората работилница од Серијалот од 8 работилници кои се реализираат во соработка со Регионалниот центар за ментално здравје и психо-социјална поддршка и Центарот за психотерапија и едукација „Амагдала“. Со почит, ЈОУ Библиотека „Искра“ –…
СЕДМО МЕСТО ЗА ДПД – КОЧАНИ НА МЕЃУНАРОДНИОТ НАТПРЕВАР „MARCANA FIRE 2026“
Со големо задоволство споделуваме дека ДПД Кочани зема учество на петтиот меѓународен натпревар „Marcana Fire 2026“, во организација на DVD Općine Marčana. Во силна конкуренција од 15 екипи, нашата екипа го освои одличното 7. место Голема благодарност до организаторите за беспрекорната организација и гостопримството! Ваквите настани не се само натпревари – тие се можност за…
НА „ПОНИКВА“ АПРИЛСКИ СНЕГ
Фотографиите што ги добивме се од денес. Пред малку ни ги испратија за да ни ја покажат моменталната состојба на „Пониква“. Снег врне и во моментот но барем во овие моменти е намален интензитетот на ветерот кој пред еден час бил голем. Моментно како што ни пишува нашиот извор на „Понива“ има околу 4 сантиметри…
ПОДДРЖЕТЕ ЈА КАМПАЊАТА НА ДПД КОЧАНИ ЗА НАБАВКА НА ВОЗИЛО ЗА БЕЗБЕДНОСТ
ДПД Кочани започнува иницијатива за набавка на пикап возило кое ќе биде од клучно значење при справување со шумски пожари и други катастрофи. Новото возило ќе овозможи и ќе ја зголеми ефикасноста на делување на терен и ќе придонесе за поголема безбедност и заштита на природата и материјалните добра. Идеја на кампањата Доброволното противпожарно друштво…
ДА ГО ЗАЈАКНЕМЕ ДПД КОЧАНИ – ЗАЕДНО ПРОТИВ ШУМСКИТЕ ПОЖАРИ!
Почитувани граѓани, Соочени сме со сè почести шумски пожари и пожари на отворено кои ја загрозуваат нашата безбедност, природата и иднината на Кочани. За да бидеме поефикасни и побрзи во интервенциите, ни е потребно **ново пикап возило** специјално наменето за гасење пожари. Со набавката на ова возило: – Ќе ги зголемиме нашите капацитети за брза…
ОПШТИНА КОЧАНИ ГО ОБЈАВИ КОНКУРСОТ ЗА СТИПЕНДИИ НА МЛАДИ НАДЕЖНИ СПОРТИСТИ
Општина Кочани го објави конкурсот за две стипендии за спортисти – спортска надеж на Кочани, за остварени спортски резултати и достигнувања во 2025 година, во машка и во женска конкуренција. Месечниот износ на стипендијата е 3 илјади денари, а стипендијата ќе се доделува десет месеци. Средствата се обезбедени од Буџетот на Општина Кочани. Право на…
МОМЕНТАЛНАТА СЛИКА НА ПОНИКВА, СНЕГ КОЛКУ ТИ ДУША САКА
Пред неполни пет минути довиме фотографии од Пониква. Целата е во бело а снегот кој заврна во синоќешните часови непрестано ушѕе паќа. Според нашиот извор моментно на Пониква има околу 15 сантиметри снежна бела покривка со тенденција до крајот на денот уште да се зголеми. С. Ивановски КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ …
КЈП „ВОДОВОД“, УТРЕ (ЧЕТВРТОК) ОД 09:30-21:00 ЧАСОТ ПРЕКИН СО ВОДОСНАБДУВАЊЕТО
Почитувани корисници, Поради изведување на планирани активности на Електродистрибуција АД Скопје, подружница Кочани на ден 26.03.2026г. ќе настане прекин на електрична енергија во атарот на Пумпна Станица Грдовци, а со тоа и прекин во водоснабдувањето на општина Кочани. КЈП Водовод Кочани, Ве известува дека на ден 26.03.2026 година од 9:30часот до 21:00 часот ќе има…
ДА ПОКАЖЕМЕ ХУМАНОСТ И ЗАЕДНИШТВО
Ве покануваме на хуманитарно предавање со Д-р Жарко Костиќ, кое ќе се одржи на 26.03.2026 година во 19:00 часот во училишната сала на ООУ „Никола Карев“ – Кочани. Овој настан има благородна цел – собирање средства за здружението „16-ти Март“, кои ќе бидат наменети за изградба на спомен-обележјето „Кочанските Ангели“. Со вашето присуство: ќе слушнете…
