Локална
ВЛАДАТА ОДОБРИ СРЕДСТВА ЗА ИЗГРАДБА НА ДОМ ЗА СТАРИ ЛИЦА И ЗА АТМОСФЕРСКА КАНАЛИЗАЦИЈА ВО КОЧАНИ
Со средства од унгарскиот кредит на Владата, во Кочани ќе се градат Домот за стари лица и атмосферска канализација. „Веднаш по стапувањето на функцијата в. д. градоначалник на Општина Кочани имав краток рок да одговорам на повикот на Владата за користење средства за капитални дотации. Во тој период од Општината беа подготвени 10 проекти за…
ВЛАДАТА ОДОБРИ 20 ЛИЦА ОД КОЧАНИ ДА БИДАТ АНГАЖИРАНИ ВО ПРЕВЕНЦИЈА ОД ПОЖАРИ
Од побараните 23 лица во апликацијата што ја поднесе Општина Кочани во врска со активната мерка Јавни работи за заштита и превенција од пожари и оплеменување на животната средина на локално ниво (пошумување), Владата одобри ангажирање на 20 пожарникари. Наредниов период ќе започне постапката за ангажирање на лицата со распишување на јавен повик до невработени…
ОБРАЌАЊЕ НА В.Д. ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА КОЧАНИ ВЕНКО КРСТЕВСКИ ВО ВРСКА СО ПРОГРАМАТА ЗА ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА ПРАЗНИКОТ ПЕТРОВДЕН
Драги сограѓани, Сите ние, жителите на Кочани, го носиме товарот на трагедијата што нè погоди. Загубата на 62 млади животи во пожарот во „Пулс“ е болка што не може да се опише со зборови. Тоа е рана што сè уште крвави во нашите срца, во нашите семејства, во нашата заедница. Секој од нас ја чувствува…
АМБАСАДОРКАТА НА ХРВАТСКА ВО ПОСЕТА НА ОПШТИНА КОЧАНИ
В. д. градоначалникот Венко Крстевски ја прими во официјална посета на Општина Кочани амбасадорката на Хрватска, Н. Е. Нивес Тигањ. На средбата амбасадорката се интересираше за состојбата во Кочани по трагедијата, за семејствата на загинатите, лекувањето на повредените и за потребите од соодветна поддршка. Амбасадорката Тигањ и в. д. градоначалникот Крстевски разговараа и за можностите…
ОПШТИНА КОЧАНИ ИМА АПЛИЦИРАНО ЗА МЕРКАТА НА ВЛАДАТА ЗА АНГАЖИРАЊЕ ЛИЦА ЗА ПРЕВЕНЦИЈА ОД ПОЖАРИ
„Општина Кочани има аплицирано по повикот на Владата за активната мерка Јавни работи за заштита и превенција од пожари и оплеменување на животната средина на локално ниво (пошумување) – формуларот е уредно испратен“ соопшти в. д. градоначалникот на Општина Кочани Венко Крстевски, по прес-конференцијата на Владата на која беше истакнато спротивното. „Ја поздравувам оваа пилот-мерка…
ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА КОЧАНИ ЛАЗО МИТЕВ: СООПШТЕНИЕ ДО ЈАВНОСТА
Почитувани медиуми, Во контекст на последните настани и инцидентот што се случи на последната седница на Советот, во кој советникот Аки Акиов изврши насилство и физички напад врз вработена, како Претседател на Советот чувствувам должност да реагирам соодветно и одговорно. Советот е демократско тело избрано од граѓаните, а неговата работа мора да биде во служба…
В.Д. ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА КОЧАНИ УПАТИ БЛАГОДАРНОСТ ДО СИТЕ УЧЕСНИЦИ ВО ГАСНЕЊЕТО НА ПОЖАРОТ
В. д. градоначалникот Венко Крстевски упатува јавна благодарност за пожртвуваноста и посветеноста на пожарникарите од Територијалната противпожарна едница – Кочани, доброволците од ДПД – Кочани и на сите поединци и институции што помогнаа во гасењето на пожарот што избувна од населбата Трајаново Трло и зафати голем дел од месноста Пресечена Скала. „Им благодариме на ТППЕ…
ОПШТИНА КОЧАНИ РАСПИША ОГЛАС ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ НА ПЕТРОВДЕНСКИ ХЕПЕНИНГ
По повод Петровден – празникот на Кочани, Општина Кочани распиша оглас за организирање Петровденски хепенинг, настан што ќе се одржи во Паркот на Револуцијата (Градскиот парк) во периодот од 11 до 14 јули. Комисијата за организирање на овој настан ги повикува заинтересираните правни субјекти регистрирани во Централен регистар да учествуваат на јавното наддавање што ќе…
ПОВИК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА ПЕТРОВДЕНСКИ ТУРНИР ВО МАЛ ФУДБАЛ
Општина Кочани како организатор на Петровденскиот турнир во мал фудбал ги повикува фудбалските екипи, најдоцна до 4 јули 2025 година да се пријават за учество на турнирот. Екипите се должни при пријавувањето да уплатат котизација од 2.000 денари на с-ка 300050000171869 – ГФК „Осогово“ Кочани, да достават име на екипата и список од десет играчи…
СРЕДБА НА В.Д. ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ВЕНКО КРСТЕВСКИ И МЛАДИОТ ТАЛЕНТИРАН УЧЕНИК ВЛАДИМИР ГРЧЕВ
В.д. градоначалникот Венко Крстевски оствари средба со Владимир Грчев, талентираниот млад кочанчанец којшто има многубројни награди од редот на натпреварите по информатика и математика и како дел од Националниот тим по математика на ЈБМО овојпат го освои сребрениот медал. Владимир годинава по четврти пат е дел од тимовите по информатика за меѓународните олимпијади. Во изминатиот…
