Локална

ПОВИК ЗА УЧЕСТВО ВО ПРАЗНИЧКО ДЕФИЛЕ ВО СКЛОП НА „ДЕНОВИ НА КОЧАНСКИОТ ОРИЗ 2024“
Во рамки на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз 2024“, на 28 септември ќе се одржи Празнично дефиле на кое ќе можат да се претстават јавни институции, приватни фирми, здруженија на граѓани, физички лица… Општина Кочани, како организатор на манифестацијата на учесниците ќе им овозможи два начини на претставување, со дефилирање од Градскиот плоштад по улицата…

ОГЛАС ЗА НАЈУСПЕШЕН ЗЕМЈОДЕЛЕЦ (ПРОИЗВОДИТЕЛ НА ОРИЗ) НА ОПШТИНА КОЧАНИ
Во склоп на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз 2024“, Општина Кочани распиша Оглас за најуспешен земјоделец (производител на ориз) на Општина Кочани. Во прилог е линк од огласот и информации за истиот. Контакт: Голубинка Георгиева 072-275-610 https://kocani.gov.mk/wp-content/uploads/2024/08/Konkurs-Izbor-na-zemjodelec2024.pdf КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ

ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА ПРОЕКТОТ „УРЕДУВАЊЕ НА ПАРКОТ ВО МЕСНОСТА БАВЧАЛУК“
Денеска, во просториите на Општина Кочани, градоначалникот Љупчо Папазов потпиша меморнадум за соработка со Фондацијата за развој на локалната заедница Штип за реализација на проектот „Уредување на паркот во месноста Бавчалук“. Со проектот целосно ќе се уредува паркот во месноста Бавчалук и опфаќа обновување на терените за мал фудбал и кошарка, обновување на подлогата, замена…

СО ПОСТАВУВАЊЕ НА МЕТАЛНИ СТОЛПЧИЊА ЌЕ СЕ СТАВА КРАЈ НА НЕДОЗВОЛЕНОТО ПАРКИРАЊЕ
Започна поставувањето на метални столпчиња се со цел да му се стави крај на недозволеното паркирање. Изминатите години паркирањето на зелените површини, на патеките за лицата со посебни потреби, за обичните минувачи беше секојдневие. Металните столпчиња се поставија на источниот дел од НУЦК „Бели Мугри“, кај автобуската станица, на улицата „Димитар Влахов“ пред зградата „А“…

БЕЛЕЖЕЊЕ НА ХОРИЗОНТАЛНА СИГНАЛИЗАЦИЈА
Општина Кочани со поддршка на МВР ПС Кочани ПО за БПС Кочани реализира бележење на хоризонталната сигнализација. Во тек се бележења на сообраќајни површини на кои постои потреба за дефинирање, поделба или канализирање на просторот. Со цел за зголемување и унапредување на безбедноста на сообраќајот на патиштата во општина Кочани, а во интерес на граѓаните…

АКТИВНОСТИ НА ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА, РЕКОНСТРУКЦИЈА НА КЛУПИТЕ
Деновиве Општина Кочани изврши реконструкција на клупи кои беа дотрајани и оштетени на повеќе локации во градот, односно кај летната сцена кај Центарот за култура, покрај кејот на Кочанска Река, на улицата „Лазар Андонов“ и кај Стришанска чешма. Ваквите работни активности ќе продолжат и во периодот кој следува на нови локации. Општина Кочани КОМЕНТАРИТЕ СО …

ПРИЕМ ЗА ВЛАДИМИР ГРЧЕВ БРОНЗЕНИОТ ОД ЕВРОПСКАТА ОЛИМПИЈАДА ПО ИНФОРМАТИКА
Денеска, во просториите на Општина Кочани, Градоначалникот Љупчо Папазов оствари прием на деветоодделенецот Владимир Грчев од Кочани, којшто на 8. Европска Олимпијада по информатика за јуниори во Молдавија освои бронзен медал во конкуренција со 104 натпреварувачи од 28 земји. Владимир исто така освои бронзен медал и на Балканската јуниорска олимпијада по информатика во конкуренција на…

СЛЕДНИОТ ПЕТОК, 50. СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА КОЧАНИ
В петок, 30 август 2024 година, со почеток во 11 ч., Советот на Општина Кочани ќе ја одржи 50. седница. На предлог-дневниот ред се следниве точки: Извештаи за работењето на општинските основни училишта за учебната 2023/2024 година Годишни програми за работа на општинските основни училишта за учебната 2024/2025 година Полугодишна информција за состојби и услови…

ОПШТИНА КОЧАНИ – ЈАВЕН ПОВИК ЗА ИЗБОР НА ЗГ ЗА ДООБРАЗУВАЊЕ НА ВОЗРАСНИ БЕЗ ОСНОВНО ОБРАЗОВАНИЕ
Ј А В Е Н П О В И К за избор на Здружение на граѓани за дообразување на возрасни без основно образование Општина Кочани објавува повик до заинтересирани Здруженија на граѓани за дообразување на возрасни лица без завршено основно образование. Здружението треба да биде регситрирано во Централен регистар за здруженија на граѓани и да…

ИЗВЕДУВАЧОТ ЗА ЗАТВОРАЊЕ НА КОЧАНСКАТА ДЕПОНИЈА – ОД ПОНЕДЕЛНИК ВЛЕГУВА СО МЕХАНИЗАЦИЈА
Од понеделник, 19 август, фирмата изведувач задолжена за затворање на депониите од проектот Регионален систем за управување со отпад во Источниот Плански Регион ќе ги започне првичните активности за затворање на депонијата во Кочани. Ова е договорено на состанокот на градоначалникот Љупчо Папазов со заменик-министерката за животна средина Ане Лашкоска, претставниците задолжени за реализација на…