Локална

ЛОКАЛНИОТ МЛАДИНСКИ СОВЕТ НА ОПШТИНА КОЧАНИ ЈА ОДРЖА ПРВАТА РАБОТНА СЕДНИЦА
Локалниот младински совет на Општина Кочани ја одржа првата седница по неговото конституирање, на која поздравно обраќање пред младите имаше градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов. За претседател на Локалниот младински совет едногласно беше избран Гаврил Гацов, претставник на Младинската организација „Единство“ од СОУ „Љупчо Сантов“ – Кочани. За заменик-претседател е избрана Анабела Коцова, претставничка…

ОПШТИНА КОЧАНИ ГО ОБЈАВИ КОНКУРСОТ ЗА СТИПЕНДИИ ЗА МЛАДИ НАДЕЖНИ СПОРТИСТИ
Општина Кочани го објави конкурсот за две стипендии за спортисти-спортска надеж на Кочани, за остварени спортски резултати и достигнувања во 2024 година, во машка и во женска конкуренција. Месечниот износ на стипендијата е 3 илјади денари, а стипендијата ќе се доделува десет месеци во 2025 година. Средствата се обезбедени од Буџетот на Општина Кочани. Право…

ЗАВРШНИЦА НА ПРОЕКТОТ „ИСТРАЖУВАЊЕ НА ЈАВНАТА ВРЕДНОСТ НА ТЕХНОЛОГИЈАТА“
Центарот за социјални иновации Блинк 42-21 и Општина Кочани денеска организираа завршен настан во рамките на проектот „Истражување на јавната вредност на технологијата – случај на дигиталната платформа мЗаедница“. Во присуство на граѓани, младинци, претставници на јавната администрација и на Институтот за европски политики од Скопје беа презентирани резултатите од спроведениот проект, од унапредувањето на…

УЧЕНИЦИ ОД КРИЖЕВЦИ ЗИМУВААТ НА ПОНИКВА
Во рамките на соработката меѓу двата збратимени града Кочани и Крижевци, осуммина ученици од Основното училиште „Људевит Модец“ од Крижевци, Република Хрватска, престојуваат на Пониква. Основците придружени од директорот на училиштето Томислав Богдановиќ и наставничката Сузана Балиќ, велат дека уживаат во убавините на Осоговските Планини. Градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов ги посети гостите кои…

ВО СРЕДА 50-ТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА КОЧАНИ
В среда, 26 февруари 2025 година, со почеток во 12 часот, Советот на Општина Кочани ќе ја одржи 59. седница. На предлог-дневниот ред се следниве точки: Давање согласност на Одлуката за изменување и дополнување на Статутот на ООУ „Малина Попиванова“ – Кочани Програми за изведување ученички екскурзии и други слободни ученички активности во ООУ „Малина…

ОДРЖАНА РАБОТНА СРЕДБА ЗА ИЗРАБОТКА НА ПЛАН ЗА ОДРЖЛИВА УРБАНА МОБИЛНОСТ ЗА КОЧАНИ
На 14 февруари во Кочани се одржаа работна средба и јавна консултација за изработка на план за одржлива урбана мобилност за Кочани. Активностите се дел од Проектот за поврзување на локалните патишта што се реализира во соработка со Министерството за транспорт, со поддршка од Меѓународната банка за обнова и развој. Главната цел на проектот е…

УРЕДУВАЊЕ НА ДЕТСКОТО ИГРАЛИШТЕ КАЈ „КОЛОР“ И НА ПАРКОТ ВО СТРИШАНИ
Во рамките на активностите за обновување на терените за игра на децата во Кочани, освежено е детското игралиште кај „Колор“. Теренот за баскет е обележан и е поставена нова табла со кош, поправени и пребоени се постојните реквизити. Непосредно до детското игралиште се засадени нови дрвца. Во завршна фаза е и реконструкцијата на паркот во…

ЈАВНА КОНСУЛТАЦИЈА ЗА ОДРЖЛИВА УРБАНА МОБИЛНОСТ
Во рамките на Проектот за поврзување на локалните патишта со поддршка на Меѓународната банка за обнова и развој, Општина Кочани работи на развој на планови за одржлива урбана мобилност и обезбедување обука за изработка и имплементација на планови за одржлива урбана мобилност. За таа цел в петок, 14 февруари 2025 година, со почеток во 13…

ИНФОРМАЦИЈА ЗА ФИНАНСИСКАТА СОСТОЈБА НА ОПШТИНА КОЧАНИ
Салдото на основниот буџет на Општина Кочани на 31.12.2024 година изнесува 12.377.762 денара. Сите финансиски обврски Општина Кочани редовно ги исполнува, со тековна реализација кон економските оператори. Обврските прикажани во Пописот за 2024 година и во Кварталниот извештај редовно се сервисираат, без каква било реакција од економските оператори и во овој момент се значително намалени,…

ПАКЕТИ ХРАНА ЗА ЗАВЕАНИТЕ ЖИТЕЛИ ВО СЕЛО ПОЛАКИ
Поради високата снежна покривка на Осоговските Планини, шестмина жители на Полаки останале завеани во своите домови во месноста Рамно Брдо, на 20 км од Кочани. По пријавата дека останале без храна, Општина Кочани со поддршка од Општинската организација на Црвен крст, а во соработка со Територијалната противпожарна единица – Кочани и со Центарот за управување…