Локална
ОПШТИНА КОЧАНИ ИМА АПЛИЦИРАНО ЗА МЕРКАТА НА ВЛАДАТА ЗА АНГАЖИРАЊЕ ЛИЦА ЗА ПРЕВЕНЦИЈА ОД ПОЖАРИ
„Општина Кочани има аплицирано по повикот на Владата за активната мерка Јавни работи за заштита и превенција од пожари и оплеменување на животната средина на локално ниво (пошумување) – формуларот е уредно испратен“ соопшти в. д. градоначалникот на Општина Кочани Венко Крстевски, по прес-конференцијата на Владата на која беше истакнато спротивното. „Ја поздравувам оваа пилот-мерка…
ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА КОЧАНИ ЛАЗО МИТЕВ: СООПШТЕНИЕ ДО ЈАВНОСТА
Почитувани медиуми, Во контекст на последните настани и инцидентот што се случи на последната седница на Советот, во кој советникот Аки Акиов изврши насилство и физички напад врз вработена, како Претседател на Советот чувствувам должност да реагирам соодветно и одговорно. Советот е демократско тело избрано од граѓаните, а неговата работа мора да биде во служба…
В.Д. ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА КОЧАНИ УПАТИ БЛАГОДАРНОСТ ДО СИТЕ УЧЕСНИЦИ ВО ГАСНЕЊЕТО НА ПОЖАРОТ
В. д. градоначалникот Венко Крстевски упатува јавна благодарност за пожртвуваноста и посветеноста на пожарникарите од Територијалната противпожарна едница – Кочани, доброволците од ДПД – Кочани и на сите поединци и институции што помогнаа во гасењето на пожарот што избувна од населбата Трајаново Трло и зафати голем дел од месноста Пресечена Скала. „Им благодариме на ТППЕ…
ОПШТИНА КОЧАНИ РАСПИША ОГЛАС ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ НА ПЕТРОВДЕНСКИ ХЕПЕНИНГ
По повод Петровден – празникот на Кочани, Општина Кочани распиша оглас за организирање Петровденски хепенинг, настан што ќе се одржи во Паркот на Револуцијата (Градскиот парк) во периодот од 11 до 14 јули. Комисијата за организирање на овој настан ги повикува заинтересираните правни субјекти регистрирани во Централен регистар да учествуваат на јавното наддавање што ќе…
ПОВИК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА ПЕТРОВДЕНСКИ ТУРНИР ВО МАЛ ФУДБАЛ
Општина Кочани како организатор на Петровденскиот турнир во мал фудбал ги повикува фудбалските екипи, најдоцна до 4 јули 2025 година да се пријават за учество на турнирот. Екипите се должни при пријавувањето да уплатат котизација од 2.000 денари на с-ка 300050000171869 – ГФК „Осогово“ Кочани, да достават име на екипата и список од десет играчи…
СРЕДБА НА В.Д. ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ВЕНКО КРСТЕВСКИ И МЛАДИОТ ТАЛЕНТИРАН УЧЕНИК ВЛАДИМИР ГРЧЕВ
В.д. градоначалникот Венко Крстевски оствари средба со Владимир Грчев, талентираниот млад кочанчанец којшто има многубројни награди од редот на натпреварите по информатика и математика и како дел од Националниот тим по математика на ЈБМО овојпат го освои сребрениот медал. Владимир годинава по четврти пат е дел од тимовите по информатика за меѓународните олимпијади. Во изминатиот…
ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА ПРЕКУ КОЈ КОЧАНЧАНИ ЌЕ ДОБИВААТ СУБВЕНЦИИ ЗА ЕНЕРГЕТСКО ЕФИКАСНИ ФАСАДИ
В.д градоначалникот на Општина Кочани Венко Крстевски и Здружението за хумано домување Хабитат Македонија потпишаа меморандум за соработка во рамки на проектот OSS HABITAT, којшто е насочен кон придобивки на граѓаните преку интегриран систем од услуги кои ќе придонесат кон заштедување средства и подобрување на енергетската ефикасност во домовите на граѓаните кои живеат во станбени…
ДЕЛЕГАЦИЈА НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА ВО МАКЕДОНИЈА, ВО ПОСЕТА НА ОПШТИНА КОЧАНИ
Денеска, делегацијата на Европската Унија во Северна Македонија предводена од Амбасадорот на Европската Унија, Н.Е. Михалис Рокас остварија официјална посета во Општина Кочани и средба со в.д градоначалникот Венко Крстевски. На средбата се споделија информации за моменталната ситуација во Општината, како и предизвиците со кои се соочуваме. Од страна на в.д градоначалникот и општинската администрација…
КАКВА Е ИДНИНАТА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА КОЧАНИ?
Инцидентот што се случи за време на 65-тата седница на Советот на Општина Кочани отвори неколку прашања, но според реакциите на граѓаните се поставува главното прашање „Која е иднината на Советот на Општина Кочани“. По вербалниот дуел меѓу двајца советници советникот Аки Акиов реагираше онака како што не доликува на претставник на народот во Советот,…
КРСТЕВСКИ СО ОСУДА НА ИНЦИДЕНТОТ ВО СОВЕТОТ НА ОПШТИНА КОЧАНИ
Во писмено соопштение што го испраќа до јавноста, вршителот на должноста градоначалник на Општина Кочани Венко Крстевски го осудува инцидентот што се случи на 65. седница на Советот на Општина Кочани. Во него се вели: „Денес повторно видовме како се гази достоинството на јавното служење. Во сала каде што треба да се носат одлуки за…
