Локална

ЌЕ СЕ УРЕДУВА ПРОСТОРОТ ПРЕД НЕКОГАШНИОТ ВОЕН ОТСЕК
На почетокот на следниот месец треба да започне уредувањето на просторот пред зградата на некогашниот Воен отсек и УЈП. Подигнатиот тротоар од корените на старите дрва, и нерамнините пред зградата создава проблеми на минувачите особено во вечерните часови. Во разговор со надлежните во општината дознаваме дека стариот и оштетен слој на тротоарот пред зградата ќе…

ПОТПИШАН КОЛЕКТИВНИОТ ДОГОВОР МЕЃУ СИНДИКАТОТ НА УПОЗ И ОПШТИНА КОЧАНИ
Денеска во просториите на Општина Кочани, градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов, претседателот на Синдикатот на УПОЗ, Трпе Деаноски и претседателот на Синдикалната организација при Локалната самоуправа на Општина Кочани, Суад Мехмед го потпишаа Колективниот договор на Општина Кочани. Со потпишувањето на овој колективен договор се уредуваат обврските, правата и другите прашања во врска со…

ОДРЖАНА ЈАВНА РАСПРАВА ЗА НАЦРТ БУЏЕТОТ НА ОПШТИНА КОЧАНИ ЗА 2023 ГОДИНА
Синоќа, во Мултикултурниот центар во Кочани, со почеток во 19 часот се одржа Јавната расправа за нацрт-буџетот на Општина Кочани за 2023 година, со цел да овозможи што поголема вклученост на граѓаните во креирањето на Буџетот за идната година. Присутните граѓани даваа предлози од јавен интерес поврзани со надлежностите на Локалната самоуправа: урбанистичко планирање, уредување…

МОСТОТ КАЈ ЏАМИЈАТА ОСТАНУВА ДА ГО КОРИСТАТ САМО ПЕШАЦИ
Добро е што надлежните понекогаш го слушаат гласот на народот и реагираат а се во интерес на неговата безбедност. Имено пред извесен период напишавме дека три моста се асфалтирани но и дека едниот од нив што се наоѓа во непосредна близина на Џамијата (Дуди Ханум) што претходно служеше само за пешаци сега по отстранувањето на…

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПРИБИРАЊЕ ПРЕДЛОЗИ ЗА КРЕИРАЊЕ НА ПРОГРАМИТЕ НА ОПШТИНА КОЧАНИ ЗА 2023 ГОДИНА
Општина Кочани објави јавен повик за прибирање предлози од граѓаните, урбаните, месните заедници, здруженијата на граѓани и институциите, со предлог-идеи и проекти да се вклучат во креирање на програмите на Општина Кочани за 2023 година. Според повикот, ќе бидат поддржани проекти од култура, образование, граѓански сектор, социјална заштита, спорт, млади, меѓународна соработка, комунални работи, локален…

ЈАВНА РАСПРАВА ЗА НАЦРТ БУЏЕТ НА ОПШТИНА КОЧАНИ ЗА 2023 ГОДИНА
Согласно одредбите од Законот за Локалната самоуправа и Законот за Буџет, Општина Кочани организира Јавна расправа по програмите и нацрт-буџетот за 2023 година. Граѓаните ќе можат да расправаат и да даваат предлози од јавен интерес поврзани со надлежностите на Локалната самоуправа: урбанистичко (урбано и рурално) планирање и уредување на просторот и уредување на градежното земјиште;…

ПРИЕМ ЗА ДЕЛЕГАЦИИ – ГОСТИ НА КОЧАНСКИ ДЕНОВИ НА ОРИЗОТ 2022
По повод 31-та манифестација „Денови на кочанскиот ориз 2022“, денеска градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов организираше прием на официјалните делегаци, гости од збратимените општини. Оваа година кочанчани се домаќини на гости од Општина Казанлак, Општина Перник и Општина Разлог од Република Бугарија, Општина Крижевци од Република Хрватска, како и Фолклорните Ансамбли од Црна Гора,…

ПРОМОЦИЈА НА НОВА ОПРЕМА И ТЕРЕНСКИ ВОЗИЛА
Денеска на Пониква, Осоговските Планини се промовираше новата опрема и теренски возила за управувачот со заштитените подрачја Осоговски Планини и Малешево – ЈП Национални шуми, кои се обезбедени во рамки на поддршката на Швајцарија преку Програмата за зачувување на природата (ПЗП). Зајакнувањето на капацитетите на ЈП Национални шуми за одржливо управување со заштитените подрачја Осоговски…

КОЧАНИ ВО НАЈТРАНСПАРЕНТНИТЕ ОПШТИНИ СПОРЕД ИНДЕКСОТ НА ФИСКАЛНА ТРАНСПАРЕНТНОСТ
Во извештајот од истражувањето на фискалната транспарентност на општините, реализиранo со Проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите, Општина Кочани е во групата најтранспарентни општини и го следи општиот тренд на постојано подобрување. Според индексот на буџетска транспарентност на ниво на единици на локалната самоуправа изработен од Центарот за економски анализи, Општина Кочани…

ПРОШИРУВАЊЕ НА ДИГИТАЛНИТЕ ЈАВНИ УСЛУГИ ВО ОПШТИНА КОЧАНИ ПРЕКУ „МЗАЕДНИЦА“
Општина Кочани е една од првите во државата којашто ја користи мобилната и веб-апликација „мЗаедница“, која на граѓаните им нуди брза и едноставна комуникација со општината за пријавување проблеми, предлог-решенија и дигитално аплицирање за субвенции. На работилницата што неделава се одржа во Охрид, на која учествуваше и градоначалникот Љупчо Папазов со административни службеници и претставници…