Спорт

ТРИ ДЕВОЈЧИЊА ОД ЖФК „КОЧАНИ“ СО РЕПРЕЗЕНТАЦИЈАТА У-15 НА РАЗВОЕН ТУРНИР ВО ЦРНА ГОРА
Во периодот од 07.06.2024 до 15.06.2024 година во Подгорица (Црна Гора) се одржува УЕФА развоен турнир (У-15) за девојчиња родени 2009 и 2010 год. Како резултат на добрите игри и прикажани резултати, селекторот на У-15 репрезентацијата на Македонија, Јовица Блажевски, од ЖФК „Кочани “-Кочани ги повика Нина Манасиева (2010),Лина Мицовска (2010) и Ванеса Давиткова (2010)….

ПОВИК ЗА УЧЕСТВО НА ПЕТРОВДЕНСКИ ФУДБАЛСКИ ТУРНИР
Во пресрет на петровденските празнувања, Општина Кочани и годинава го организира Петровденскиот турнир во мал фудбал, за што распиша јавен повик за фудбалските екипи, кои најдоцна до 17 јуни 2024 година треба да го пријават своето учество на турнирот. Екипите треба да уплатат котизација во износ од 2 000 денари на жиро-сметката на ОФС Кочани…

ДВЕ РАЗЛИЧНИ ПЛАНИНАРСКИ АКЦИИ РЕАЛИЗИРАА ЧЛЕНОВИТЕ НА ПСК „ОСОГОВО“ ОД КОЧАНИ
Недела 9 ти Јуни ПСК „Осогово“ од Кочани реализира две различни планинарски акции на две различни локации. Една на „Шар Планина“ на која се искачени врвовите „Церипашина“ 2437мнв, „Антени“ 2520, „Син Врв“ 2550, „Карабунср„ 2600, „Бскардан“ 2704 и „Титов Врв“ 2747 мнв и втората група на планината „Кораб“ со посета на „Корабски Водопад“ и искачување…

ДВАНАЕСЕТ МЕДАЛИ ЗА КГС „КОЧАНИ“ НА ДРЖАВНИОТ НАТПРЕВАР ВО БИТОЛА
За време на викендот (сабота и неделата) во „градот на конзулите“ се одржа првиот државен натпревар А програма и Б програма во спортска гимнастика. КГС „Кочани“ настапи со 17 натпреварувачи и освои 12 медали. Б-ПРОГРАМА ЖЕНСКИ Деца до 7 г. Дариа Стојков 2. место; Постари пионерки Мелани Постолова 3. место; Млади јуниорки Бисера Лазарова 2….

СИТЕ УЧЕСНИЦИ СЕ ПОБЕДНИЦИ НА ПРВИОТ МЕМОРИЈАЛЕН ФУДБАЛСКИ ТУРНИР „САШКО РОМАНОВ“
Фудбалерите од петте екипи „Сашко 1“, „Сашко 2“, „Сашко 3“, „Сашко 4“ и „Сашко 5“ се победници на првиот Меморијален Фудбалски Турнир „Сашко Романов“ кој денес по топло време се одржа на „Заградените терени“ во дворот на ООУ „Кирил и Методиј“. Натпреварот започна со едноминутно молчење во знак на почит кон големиот љубител на спортот…

ДЕНЕС, ПРВ МEМОРИЈАЛЕН ФУДБАЛСКИ ТУРНИР „САШКО РОМАНОВ“
Денес (Сабота) на „Затворените терени“ во дворот на училиштето „Св. Кирил и Методиј“ ќе се одржи првото издание на Меморијалниот Фудбалски турнир „Сашко Романов“ во знак на сеќавање на еден од најголемите љубители на фудбалот во Кочани, успешен стопанственик и преди се голем човек, кој за жал прерано не напушти. На турнирот ќе учествуваат пет…

ПСК „ОСОГОВО“ – КОЧАНИ ГО ОДБЕЛЕЖА ЈУБИЛЕЈОТ, 20 ГОДИНИ ПОСТОЕЊЕ
Планинарски-спортскиот клуб „Осогово“ викендов на Пониква на дводневен настан го одбележа јубилејот 20 години постоење преку забавни и спортко – рекреативни содржини. Во саботата доцна попладне и во вечерните часови на Пониква се одржа забава со диџеј, додека главниот натпреварувачки настан на натпреварувачки трки и рекреативно пешачење се оддржа во неделата. Се трчаше на патека…

РЕАЛИЗИРАНА ЕДУКАТИВНА РАБОТИЛНИЦА „СПОДЕЛУВАЊЕ ЗНАЕЊА ЗА ИГРАТА ШАХ ВО БИБЛИОТЕКА“
Денеска во библиотека „Искра“ се реализираше едукативна работилница на тема ,,Споделување знаења за играта шах во библиотека”” во која учениците Јован Филипов, Драган Хаџи Василев, Филип Стојанов и нашата истакната шахистка Јована Давиткова, ученици во СУ ,,Гошо Викентиев” Кочани, Младинска организација „Авангарда“, со голем ентузијазам ги пренесоа своите знаење за играта шах на учениците од…

ВО САБОТА, ПРВ МЕМОРИЈАЛЕН ФУДБАЛСКИ ТУРНИР „САШКО РОМАНОВ 2024“
Во Сабота на „Затворените терени“ во дворот на училиштето „Св. Кирил и Методиј“ ќе се одржи првото издание на Меморијалниот Фудбалски турнир „Сашко Романов“ во знак на сеќавање на еден од најголемите љубители на фудбалот во Кочани, успешен стопанственик и преди се голем човек, кој за жал прерано не напушти. На турнирот ќе учествуваат пет…

МАТЕЈ ДИВАНИСОВ ПОБЕДНИК НА ШАХОВСКИОТ ТУРНИР „СИЈАРИНСКА БАЊА 2024“
Една од најголемите шаховски надежи во Македонија некогашниот член на Шаховскиот Клуб „Кочани“ а моментално член на Шаховскиот Клуб „Алкалоид“ од Скопје Матеј Диванисов е победник на шаховскиот турни „Сијаринска бања 2024“ кој во организација на ШК „Горња Јабланица“ се одржа во Сијеринска бања во областа Медвеџа (Србија). Матеј настапи во групата шахисти до десет…