Спорт
ДОДЕЛЕНИ НАГРАДИТЕ НА НАЈУСПЕШНИТЕ ВО СПОРТОТ ВО КОЧАНИ ЗА 2025 ГОДИНА
Во организација на Општинскиот фудбалски сојуз – Кочани, а под покровителство на Општина Кочани, свечено беа доделени признанијата за најуспешните спортисти, екипи и спортски работници за 2025 година. За спортист на Кочани е прогласен Даријан Павлев од БК „Спартак“, кому градоначалникот Владко Грозданов му врачи статуетка и ваучер во износ од 10.000 денари. Меѓу најдобрите…
БОРАЧОТ НА „СПАРТАК“ РАСУЛ ШАПИЕВ, ДЖАВЕН ШАМПИОН
Во организација на Боречкиот Клуб „Балканец“ од Штип а со техничка поддршка на Боречката Федерација на Македонија, денес во Штип во салата „Тошо Арсов“ се одржа Државното првенство на Македонија во борење, сениорска конкуренција. Екипата на „Спартак“ на ова првенство броеше тројца борачи кои по завршувањето на натпреварите освоија едно прво, едно трето и едно…
„ОСОГОВО“ СО ПОБЕДА ГО ЗАВРШИ ПОДГОТВИТЕЛНИОТ ПЕРИОД
Со головите на Стојанче Велинов и Филип Јованов денес во Валандово „Осогово“ го совлада лидерот на табелата во Трета Фудбалска Лига – Исток, „Победа“ со резултат 2:1 (1:0). На една седмица до почетокот на натпреварите во Втората Фудбалска Лига играчите на кочанскиот второлигаш прикажаа добра но и неефикасна игра. Периодот кој следува во таборот на…
СТОЈАНА МИТЕВА ДРЖАВЕН ШАМПИОН ВО БОРЕЊЕ У-17
Со техничка организација на БК „Балканец“ од Штип а со поддршка на Боречката Федерација на Македонија денес во Штип во салата на ООУ „Тошо Арсов“ се одржа Државното првенство во борење У-17. Експедицијата на БК „Спартак“ од Кочани на првенството учествуваше со шест борачи од кои 2 во женска и 4 во машка конкуренција. Освоено…
ФИЛИП АНГЕЛОВ ВТОР НА ДРЖАВНОТО ПРВЕНСТВО ВО БОРЕЊЕ У-20
Со техничка организација на БК „Балканец“ од Штип а со поддршка на Боречката Федерација на Македонија денес во Штип во салата на ООУ „Тошо Арсов“ се одржа Државното првенство во борење У-20 На првенството БК „Спартак“ од Кочани настапи со три борачи од кои еден го освои сребрениот медал, другиот се пласира на петтото место…
ВО ТРЕТИОТ ПОДГОТВИТЕЛЕН НАТПРЕВАР „ОСОГОВО“ ЗАГУБИ ОД „БЕЛАСИЦА“
Второлигашот од Кочани продолжува со одигрување на подготвителни натпревари. Денес на теренот во Горни Подлог „Осогово“ ја пречека екипата на „Беласица“ од Струмица. Гостите со головите на Давид Ристевски, Жика Крстев и Апостол Митров триумфираа со резултат 3:0 (2:0). Домаќините при резултат 0:2 не реализираа пенал. Причината зошт натпреварот не се одигра на стадионот „Никола…
АТАНАСИЈА ГУШКОВА ДРЖАВЕЕН ПРВАК ВО БОРЕЊЕ ВО КАТЕГОРИЈА ПИОНЕРИ У-15
Во организација на БК „Балканец“ од Штип а со поддршка од Боречката Федерација на Македонија денес во Штип во салата „Тошо Арсов“ се одржа Државното првенство во борење за пионери У-15. Борачите на Спартак“ од Кочани освоија еден златен медал во женска конкуренција и четири бронзени во машка конкуренција. Златниот медал во женска конкуренција го…
ВО САБОТА IX ФУДБАЛСКИ ТУРНИР ВО САЛА „СВ. АТАНАСИЈ ВЕЛИКИ“
Во Сабота (31.01.2026 година) во Спортската сала во Оризари во организација Фудбалска Школа „Академија Тошев“ ќе се одигра 11-тиот Фудбалски турнир во сала „Св. Атанасиј Велики“. На турнирот освен домаќинот „Академија Тошев“ ќе настапат и екипите на „ФШ Фудбал Старс“ (Кочани), ФК „Осогово“ (Кочани) и ФШ „Атлетико“ (Теранци). Право на настап имаат играчи до 15…
„ОСОГОВО“ ПОУСПЕШНО ОД ТРЕТОЛИГАШОТ
Во рамките на подготовките за пролетниот дел од првенството во Втора Фудбалска Лига, денес во Скопје „Осогово“ го совлада „Аеродром“ член на Трета Фудбалска Лига – Север со резултат 5:0 (2:0). Тренерот на кочанчани Крсте Крстев како што истакна е задоволен од залагањето на играчите а со оглед дека за нив ова е втор натпревар…
ДАРИЈАН ПАВЛЕВ НАЈДОБАР СПОРТИСТ НА КОЧАНИ ЗА 2025 ГОДИНА
Комисијата во состав; Лазо Димитров (Телевизија Кочани), Илија Стефановски (Радио Кочани) Драган Николов (Портал на Радио Кочани) и Тања Велкова (Портал Сито) во петокот во салата за состаноци на Локалната самоуправа – Кочани го извршија годинешниот „Избор на спортист на Кочани за 2025 година“. За најуспешен спортист на Кочани за 2025 година е прогласен Даријан…
