ЌЕ ПРЕЗЕМЕ ЛИ НЕШТО КЈП „ВОДОВОД“, ИЛИ ….?

септември 12, 2022
0 min read

Жителите од село Тркање, оние што живеат во повисоките зони се пожалија дека три дена немаат испорака на вода. Иста е состојбата и се некои улици во градот исто така од повисоките зони.

И додека некои семејства мака мачат како да добијат вода, во градот на неколку места дефекти од кои сигурно поголем е оној кај првиот кружен тек направен во градот, поточно кај спојувањето на улиците „Кеј на Револуцијата“ и „Тодосија Паунов“ кој никако да  се отстрани иако се појави во уште во петокот.

Пумпите работат, вода за која се троши електрична енергија се испорачува, но дефектите стојат па со право се поставува прашање ќе преземе ли нешто Водовод  или и понатака ќе се остави работата некој друг да ја заврши?.

Неофицијално дознаваме дека последната фактура за потрошена електрична енергија што треба да ја плати Водовод е поголема од десет милиони денари, пари кои ќе се фактурираат на корисниците на комуналните услуги и корисници на вода.

Треба да се работи, но треба и да се штеди, а кој виновникот за оваа состојба најдобро го знаат одговорните во комуналното претпријатие.

С. Ивановски