И кога има врнежи и кога нема на паркинг просторот лоциран зад зградата на некогашниот „Комитет“ е вистински хаос.
Станарите од зградите околу паркингот протестираат поради тоа што честопати непоканети лица за да не плаќаат паркинг простор а сакаат да си уживаат по кафулињата ги паркираат своите возила кои стојат понекогаш и по цел ден, додека станарите мака мачат како да изнајдат слободен простор за своите возила.
Посебен проблем е големата оштетеност на овој простор па кога ќе има обилни дождови се формираат мали езерца кои се вистинска препрека посебно за постарите лица.
Апелираат до надлежните да се изнајде време овој дел да се среди бидејќи сега наидуваат и есенски дождови па хаосот што сега владее ќе биде уште поголем.
С. Ивановски