ЌЕ СЕ ТЕСТИРА ЛОЈАЛНОСТА НА СОВЕТНИЦИТЕ КОН СВОИТЕ ГЛАСАЧИ

ноември 12, 2024
1 min read

За утре (Среда) закажана е 54-тата седница ба Советот на Општина – Кочани од која жителите на Општина Кочани очекуваат конечно да се стави крај на сагата околу тоа кој има право да ја користи Градската депонија во Кочани.

Од граѓаните кои веќе трета седмица со жив штит ја чуваат депонијата од натрапниците од Виница, Зрновци и Чешиново-Облешево дознаваме дека претходно било договорено Претседателот на Советот на Општина Кочани проблемот како посебна точка да го стави на дневен ред по што ќе се чека дебата и донесување на одлука со која освен смет од Кочани, ниту едно возило не смее да истура смет од друга општина на депонијата во последно време препознатлива како Кочанската Етна.

На потег се сега советниците од Советот на Општина Кочани чија локалност кон своите сограѓани и нивните гласачи утре ќе биде тестирана.

Сепак поголемиот број на кочанчани се надеваат дека утре е денот „Д“ кога конечно се ќе се знае и одлуката ќе биде во полза на целото население од Кочани и околните места.

Но да почекаме, бидејќи однапред ништо не може да се гарантира кога се во прашање луѓе кои решиле да се занимаваат со политика.

С. Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ