КГС „КОЧАНИ“ СО УЧЕСТВО НА ГОДИНЕШНИОТ „ПИОНЕРСКИ ПОВЕЌЕБОЈ“

јуни 29, 2022
1 min read

Експедиција од 10 натпреварувачи на КГС „Кочани“ од кои 4 во машка и 6 во женска конкуренција учествуваше на годинешниот „Пионерски повеќебој“ кој се одржа во Охрид.

На повеќебојот учествуваа 120 натпреварувачи од Кочани, Битола, Прилеп, Скопје и Струмица кои се натпреваруваа во поединечна и екипна конкуренција во дисциплините:

-истрајно трчање на 200 метри, 300 метри и 400 метри;

-полигон;

-штафета;

-фрлање топче;

-пикадо;

-скок во далечина

Претставниците на КГС „Кочани“ и во поединечна и во екипна конкуренција постигнаа забележителни резултати.

Поединечна конкуренција:

-Прво место: Матеј Постолов  (пионери до 11 години)

-Второ место: Лука Естатиевски (пионери до 9 години), Димитриј Спасов (младинци до 18 години) и Тамара Димитрова (пионерки до 13 години)

-Трето место: Мартин Андонов (младинци до 16 години)

Екипна конкуренција:

-Прво место; Пионери до 11 години;

-Второ место: Младинци до 16 години;

-Трето место: Пионери до 9 години, Младинци до 18 години и Пионерки до 13 години.

Годинава ментори на КГС Кочани беа Александра Карова и Ангел Анастасовски.

С. Ивановски