КЈП „ВОДОВОД“: ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА САНАЦИЈА НА НАСТАНАТ ПОЖАР НА ГРАДСКАТА ДЕПОНИЈА

јуни 15, 2024
1 min read

Ја известуваме јавноста дека вчера (петок) околу 17:30 часот е настанат пожар на градската депонија, односно запалена е поголема количина на автомобилски гуми и пластика на горната површина од депонијата веднаш до гаражата за механизација. Просторот кој беше зафатен од пожарот е исполнет со секаков вид гуми за возила и веќе соберени пластични шишиња, а се наоѓа на самиот влез од депонијата.

По добиената дојава за пожар, КЈП “Водовод” Кочани веднаш ја алармираа ТППЕ Кочани. Во локализирањето на пожарот учествуваше ТППЕ Кочани со повеќе возила и неколку пожарникари. Пожарот веднаш беше локализиран, а остана мал дел од опожарените гуми да чади до целосно гасење. За сега е спречено проширување на пожарот на другиот дел од депонијата.

Поради тоа што постои основано сомнение дека пожарот е подметнат, за истиот е известен МВР – ОВР Кочани. Бидејќи на градската депонија е евидентно присуство на повеќе лица кои собираат отпад и таму живеат со своите малолетни деца, за истото во понеделник ќе биде известен и Центарот за социјални работи во Кочани. Очекуваме надлежните институции во рамките на своите надлежности да помогнат во расчистување на случајот за во иднина да не се случуваат вакви настани!

Денес КЈП “Водовод” Кочани во соработка со општествено одговорна компанија вршеше расчистување на пристапот пред депонијата од секаков вид на отпад и земја кои беа внесени во внатрешноста на депонијата и со нив се затрупуваа жаришта кои догоруваа. Во моментот состојбата на депонијата е стабилизрана.

КЈП “Водовод” Кочани упатува апел до граѓаните и компаниите во иднина отпадот да го одлагаат одговорно внатре во градската депонија, а не надвор пред влезот или на самиот коловоз, бидејќи доколку во иднина бидат забележани вакви дејствија за истите ќе бидат покренати соодветни постапки пред надлежен комунален инспектор.

КЈП „Водовод“

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ