ИЗВЕСТУВАЊЕ ВО ВРСКА СО ОПОЖАРУВАЊЕ НА ГРАДСКАТА ДЕПОНИЈА

јули 10, 2023
1 минути

КЈП “Водовод” изминатите неколку денови заедно со Општина Кочани работи на целосна санација на депонијата. Целта на работните активности кои се одвиваат на депонијата е нејзино доведување во работна нормала со што ќе се овозможи непречено одлагање на отпадот.

Но, и покрај огромните напори за целосна санација на депонијата, повторно сме сведоци дека поради неодговорното однесување на поединци е предизвикан пожар во градската депонија.

Бидејќи имаме основано сомневање како и многу пати претходно дека се работи за подметнување на пожарот од човечки фактор, а особено што истиот се протега праволиниски по должина на целата депонија за ова ги информиравме сите надлежни институции за прогон.

Во текот на денот извршивме подготвителни активности, заедно со механизацијата на КЈП „Водовод“ – Кочани и поддршка од Општина Кочани, започнато е со дејствување, но бидејќи се работи за специфично гориво, односно метан, гаснењето ќе биде многу тешко и ќе одзема многу човечки ресурси, енергија и средства.

Апелираме до надлежните органи да го истражат случајот и ваквите неодговорни граѓани кои предизвикуваат пожари, а при тоа се населени на депонијата во импровизирани кампови, да бидат изнесени пред лицето на правдата.

КЈП „Водовод“ – Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ