ДПСС „ОСОГОВО“ СО ДЕЖУРСТВА НА „ПОНИКВА“

јануари 24, 2023
1 минути

ДПСС (Доброволна планинска спасителна служба) „Осогово“ од Кочани како што дознаваме за време на викендите е на терен, односно дежурна е 24 часа на „Пониква“ се со цел да им помогне на сите оние кои од нејзе ќе побараат помош.

24-часовното време со дежурства е во саботите и неделите, додека во останатите денови од Понеделник до Петок се на повик.

Сите оние кои имаат потреба од ДПСС можат да побараат помош на телефонскиот број 112.

С.  Ивановски