КЈП „ВОДОВОД“ – КОЧАНИ, ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА СОСТОЈБАТА НА ГРАДСКАТА ДЕПОНИЈА

декември 25, 2024
1 минути

КЈП “Водовод” Кочани ја известува јавноста дека денес 25.12.2024 година (среда) од утринските часови на Градската депонија е присутна организирана група од околу 30 лица кои неовластено собираат отпаден материјал (пластика и железо) во Градската депонија.

Бидејќи стануваше збор за поголема организирана група на неовластени лица и стражарската служба не можеше да се справи со ситуацијата беше известено МВР, односо ПС Кочани од кои беше побарана интервенција во насока на отстранување на лицата кои неовластено престојуваат во Градската депонија.

Откако неовластените лица во крајно тензична атмосвера беа отстранети од депонијата, беше евидентно дека истите со повеќе патнички моторни возила изнесоа поголема количина на отпад од Градската депонија и истиот го транспортираа кон населените места во Кочани.

Ваквите неовластени влегувања во Градската депонија од поединци или од организирани групи претставуваат сериозна закана за работењето и преземањето на работни активности во депонијата од страна на економскиот оператор кој е задолжен за оддржување на депонијата.

Во изминатите неколку денови е забележително поголемо палење на отпаден материјал (кабли) и садови за отпад (контејнери) на повеќе локации во Кочани, па поради тоа е известен и овластен комунален инспектор од Општина Кочани од каде што е добиено известување дека е постапувано во 5 (пет) одвоени случаи изминатото деноноќие и се изречени 2 (две) прекршочни казни.

КЈП “Водовод” Кочани ги известува граѓаните на Општина Кочани дека приватните превозници на отпад и граѓаните може да го депонираат отпадот на Градската депонија секој ден од 08 часот до 16 часот при што задолжително треба да се придржуваат до распоредот и начинот на кипање кој ќе го определи стражарската служба на Градската депонија!

КЈП “Водовод” Кочани ги известува граѓаните на Општина Кочани дека најстрого е забрането депонирање на отпад од гума и метал на Градската депонија!

КЈП “Водовод” – Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ