КЈП „ВОДОВОД“ – КОЧАНИ НЕ Е ПОВЕЌЕ БЕЗ ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА

ноември 4, 2022
0 минути

Како што не информираат од КЈП „Водовод“ претпријатието не е повеќе без електрична енергија.

Пред два дена сите погони заедно со Управната зграда повторни имаат електрична енергија.

За потсетување, на 20 Октомври поради неизмирен долг кон ЕДС – Скопје на КЈП „Водовод“ од Кочани му беше прекината испораката на струја кога неколку објекти меѓу кои и Управната зграда останаа без електрично напојување.

Работата во претпријатието продолжува.

С. Ивановски