КЈП „ВОДОВОД“: СМЕТОТ НЕМА ДА ГО СОБИРАМЕ ДОДЕКА НЕ СЕ ОБЕЗБЕДАТ УСЛОВИ ЗА ТРАНСПОРТ ДО ДЕПОНИЈАТА

октомври 29, 2024
0 минути

КЈП „Водовод“ Кочани ги известува своите корисници, правни и физички лица од Општина Кочани и населените места, дека поради блокадата на патот кон депонијата во Кочани од страна на жители на Општина Кочани, не сме во можност да го собираме комуналниот отпад од Општина Кочани и населените места во општината, бидејќи е оневозможено депонирање на собраниот отпад.

Со услугата собирање и транспортирање на отпадот ќе продолжиме кога ќе се деблокира патниот правец кон депонијата во Кочани.

КЈП „Водовод“

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ