КЈП „ВОДОВОД“: – ПОСТАВЕНИ НОВИ ЧЕШМИ ЗА ПИЕЊЕ ВОДА

мај 17, 2023
1 минути

КЈП “Водовод” Кочани изминатиот период започна со реализација на дел од програмата за изработка и поставување на чешми за пиење на вода на повеќе локации во Кочани и населените места.

Досега по предлози на граѓаните, а во соработка со Општина Кочани се поставени две чешми за пиење на вода и тоа на улица “Страшо Ербапче” и на улица “Теодосие Паунов”.

Во наредниот период предвидено е да бидат поставени и други чешми за пиење на вода на повеќе локации и истите локации да бидат хортикултурно уредени.

КЈП “Водовод” Кочани упатува апел до граѓаните за одговорно однесување кон поставената урбана опрема со што сите заедно ќе придонесеме за почисто и поубаво Кочани.

КЈП „Водовод“ – Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ