КЈП „ВОДОВОД“ – РАБОТНИ АКТИВНОСТИ НА СЕКТОР ЗА ВОДОВОД И КАНАЛИЗАЦИЈА НА УЛИЦА „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“

декември 1, 2024
1 минути

Вработени во KЈП „Водовод“ Кочани од Сектор водовод и канализација изминатата седмица работеа повеќе пати на предизвикани дефекти на водоводна и канализациона мрежа на улица “Гоце Делчев”.

Поради несоодветно и неодговорно користење на одводите за канализација и депонирање на секаков вид на отпад во нив од страна на несовесни граѓани (градежен шут, комунален отпад и сл) беше предизвикано оштетување на канализационата мрежа.

КЈП “Водовод” – Кочани упатува апел до сите граѓани за одговорно однесување кон канализационите системи !!!

Вработени во KЈП „Водовод“ Кочани од Сектор водовод и канализација изминатата седмица работеа исто така неколку пати на предизвикани дефекти од страна на изведувачот на градежните работи на улица “Гоце Делчев”, но и на дефекти предизвикани од несовесни граѓани кои со своите возила во неколку наврати оштетија црева од водоводната мрежа.

КЈП “Водовод” – Кочани упатува апел до сите корисници за одговорно однесување кон водоводната мрежа!!!

КЈП “Водовод” – Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ