КЈП „ВОДОВОД“ – ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА НАСТАНАТ ПОЖАР НА ГРАДСКАТА ДЕПОНИЈА

април 24, 2024
1 минути

Ја известуваме јавноста дека околу 17:30 часот денес (среда) е настанат пожар на градската депонија, односно запалена е поголема количина на автомобилски гуми на горната површина од депонијата. Просторот кој беше зафатен од пожарот е исполнет со секаков вид гуми за возила и се наоѓа на самиот влез од депонијата.

По добиената дојава за пожар, КЈП “Водовод” Кочани веднаш ја алармираа ТППЕ Кочани. Во локализирањето на пожарот учествуваше ТППЕ Кочани со едно возило и неколку пожарникари. Во моментот пожарот е локализиран, а останува мал дел од опожарените гуми да чади до целосно гасење. За сега е спречено проширување на пожарот на другиот дел од депонијата.

Поради тоа што постои основано сомнение дека пожарот е подметнат, за истиот е известен МВР – ОВР Кочани. Бидејќи на градската депонија е евидентно присуство на повеќе лица кои собираат отпад и таму живеат со своите малолетни деца, за истото утре ќе биде известен и Центарот за социјални работи во Кочани. Очекуваме надлежните институции во рамките на своите надлежности да помогнат во расчистување на случајот за во иднина да не се случуваат вакви настани!

Бидејќи по последниот период се позачестена е појавата на опожарување на градската депонија, апелираме до МВР – ОВР Кочани да изврши повеќе сообраќајни контроли на возилата и лицата кои гравитираат во и околу градската депонија. Возилата кои вршат транспорт на отпадно железо, алуминиум и бакар од градската депонија се сомневаме дека се нерегистрирани и технички неисправни и истите служат за остварување на ситни бизнис интересеи на поединци, а на штета на сите граѓани на Општина Кочани.

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ