КНИГАТА „ПАТУВАЊЕ НИЗ ТЕЛОТО“ ЈА ДОЖИВЕА СВОЈАТА ПРОМОЦИЈА ВО КОЧАНИ

мај 10, 2024
1 min read

Во текот на вчерашниот ден (Четврток) во просториите на ЈОУ Библиотека „Искра“-Кочани во соработка со ПАТ, Здружението на граѓани за едукација и примена на алтернативни техники, се одржа промоција на книгата „Патување низ телото“ чиј автор е Борче Јаневски.

Патување низ телото претставува прирачник за примена на терапевтски методи базирани на Традиционалната кинеска медицина.Делото дава приказ на компактен систем на алтернативни терапевтски средства,методи и техники,прикажани на уникатен и разбирлив начин онака како што авторот ги разбрал и доживеал низ своето патување во запознавање на функцијата на своето тело.

Пред присутната публика свое лично излагање имаше и самиот автор Борче Јаневски ,рецензентот на книгата а воедно и промотор на промоцијата на книгата проф.др.Тоше Крстев како и модератор Марина Глигорова.

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ